Секирник
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Секирник — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Remove ads
Географија и местоположба






Секирник се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село, додека десно од селото поминува реката Струмица.
Надморската височина во селото е 220 метри, додека селото зафаќа површина од 8,8 км2. Од нив, 688 хектари се обработливо земјиште[2]
Remove ads
Историја
Ран период
Според преданието, во средниот век, во селото се изработувале секири, па оттука и името Секирник. Село Секирник има старо потекло, се споменува уште во средниот век. Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситен феудалец (пронијар) во селото Секирник бил Ласкар Котаниц[3].
Отоманско Царство
Во турско време, според народното предание, ова село било населено со муслиманско население. Се претпоставува дека турските колонисти доведени од пределите на Мала Азија, го истиснале христијанското население, и на нивно место се населиле Турци[4].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства од кои 183 Македонци, 56 муслимани и 13 Роми.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 730 жители Турци[7]. Како чисто турско село населбата е обележана на Етнографската карта од 1912 година, со името Секирник.
Царство Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства. Селото делумно било опожарено. Во овој период во селото се населиле и македонски бегалци од Кукуш, кои биле протерани од Грција[8]. Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Секирник живееле 15 Турци[9].
Југославија
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Во 1932 година била изградена православната црква „Успение на Пресвета Богородица“. По крајот на Втората светска војна, селото било вклучено во рамките на СФРЈ.
Македонија
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово. Во 2007 година била изградена католичката црква „Никола Чудотворец“. Пред тоа цели седум години постоело спор на месното население за обновување на овој храм со образложение дека во селото нема католици[10]. Во текот на 2016 година бил реконструиран Домот на културата во селото[11].
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[12]
Во 1961 година селото Секирник имало 966 жители. Во 1994 година во селото живееле 1.190 луѓе, сите Македонци[2].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.194 жители, сите Македонци.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 871 жител, од кои 801 Македонец, 1 Албанец, 1 останат и 68 лица без податоци.[14]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1824 и 1824/1 според Државната изборна комисија, сместени во дом на културата.[19]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.070 гласачи.[20]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.063 гласачи.[21]
Личности
Личности родени во Секирник:
- Султана Арапова — учесник во НОВ на Македонија.
Културни и природни знаменитости
- ОУ „Кирил и Методиј“
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“, православен храм.
- Црква „Св. Никола Чудотворец“, католички храм.
- Спомениκ за Русалиите, сκултуρа на игρаоρец изρаботена од бρонза.
- Спомениκ на децата бегалци од Егејска Македонија.
- Селска чешма
- Дом на култура
- Дом на пензионери
- Амбуланта
Редовни настани
- Средби на Русалискиот фолклор[22]
Култура и спорт
- КУД „Русалии“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads