Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебар

црква во градот Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебарmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица — енориска црква во градот Дебар, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот Дебар.

Историја

Црквата е изградена во средината на XIX век, најверојатно 1840 година на постари темели од XI век.[2]

Оваа црква некогаш била седиште на митрополија, која опфаќала простор сè до соседниот албански град Пешкопеја.

Кражби

Во периодот помеѓу 8 и 11 септември 2012 година во црквата била извршена тешка кражба на 14 икони со голема вредност, плаштеница стара три века и пари.[3] Ова било втора кражба по таа во 1988 година. Во периодот од 14 до 19 октомври 2012 година непознат сторител насилно ги откорнал решетките од прозорот и влегол во храмот при што украл 13 исклучително вредни икони.[4]

Во 2014 година, црквата повторно била мета на кражба, која била извршена со уривање на ѕидови и кршење прозорци при што биле украдени повеќе вредни икони.[5]

Remove ads

Архитектура

Црквата е трикорабна со базиликална архитектура со фрески, а има особено убав иконостас од XIX век.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads