Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Калапот
црква во Калапот, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοίμηση της Θεοτόκου Πανοράματος) — црква во селото Калапот, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е сместена на северниот крај на селото. Изградена е во 1841 г. и денес е во многу добра состојба. На западната страна има трем, а на катот над него има женска црква. Во минатото имало покриен трем од двете страни на храмот. Однадвор црквата е украсена со релјефни плочи. На една од нив пишува:
„ | 1841 MACTPO ΛΑΤИΝЪ БΟΓΔΑΝЪ.[1] | “ |
На квадратната камбанарија на северозападниот агол на комплексот е врежана годината 1864.[1]
Според Георги Стрезов во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads