Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ново Село
црква во штипската населба Ново Село, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица ― главната црква во штипското Ново Село и седиште на Новоселската парохија. Црквата претставува Споменик на културата заштитен со закон.[1]
Remove ads
Историја
Црквата била отпочната со изградба во 1836 година и била завршена во 1850 година. Била изградена од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа од браќа и претставува голема трикорабна базилика со пространи галерии на катот. Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограф Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте зограф, Теодосие, Папрадишки, Христо од Самоков, Захарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот престол се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Нема податоци кога и од кој архијереј е осветена.[2][3]
Во текот на 2015 година, биле реставрирани иконите со цел отворање на галерија на икони во самата црква. Зафатот бил со поддршка од Министерството за култура. Согласно до крајот на јануари 2015 година, биле реставрирани 35 икони.[4]
Remove ads
Галерија
- Црквата и училиштето во почетокот на XX век
- Поглед кон црквата од Исарот
- Апсидата
- Северната страна
- Портата за во дворот
- Камбанаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads