Новоселско училиште (Штип)
поранешно училиште и денешно седиште на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Новоселско училиште - зградата на поранешното училиште во Ново Село, Штип, Македонија. Истата таа зграда сега е дом на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“. Градбата е заведена како Културно наследство на Македонија.[1] Се наоѓа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
Remove ads
Историја
Како училишна установа

Темелите на градбата биле поставени во 1870-тите години. Првата учебна година била во 1882 година.[2] Во училиштето две години предавал револуционерот Гоце Делчев во периодот 1894-1896 година.[3] Исто така, учителствувале и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Тодор Лазаров, Мише Развигоров, Димитар Мирасчиев.[2] Во 1912 година, во училиштето биле вработени 7 учители кои предавале на 151 ученик и 100 ученички. За време на Балканските војни, училиштето било претворено во болница. Во време на Првата светска војна, служело за воени потреби.[4]
Помеѓу двете светски војни, училиштето било основно училиште од прво до четврто одделение. Пред почетокот на Априлската војна во 1941, училиштето било опожарено и речиси целосно уништено, кога само останале темелите и некои ѕидови. Веднаш со доаѓањето на бугарската власт, биле направени градежни зафати и новата верзија на градбата била малку поразлична на лик од старата градба. Дури и уписите за ученици започнале во септември истата година.[4]
Во периодот 1946-1949 година, местото било дом на Учителската школа. Подоцна била сместена Штипската гимназија. Во последните години како училишна установа, местото била училишна зграда во составот на ОУ „Ванчо Прке“.[4]
Како ректорат
Градбата била обновена со цел да постане седиште на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“.[3][4]
Remove ads
Галерија
- Спомен плочата во чест на Гоце Делчев, поставена над влезната врата на 2 август 1951 година
- Влезот
- Јужниот ѕид
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads