Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ракотинци

црква во селото Ракотинци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ракотинци
Remove ads

Успение на Пресвета Богородицамакедонски православен храм во селото Ракотинци, близу Скопје. Точниот период на изградбата на црквата не е познат, а денешниот храм датира од поново време, односно од 2000 година, кога на 28 октомври е поставен и осветен камен-темелникот. Црквата претставува главен селски храм во кој се одржуваат редовни богослужби, крштевки, венчавки за кои постојат и услужни објекти како крстилница непосредно до црквата. Во дворот на црквата постои стар камен крст. Во повеќе пишани извори за селото се споменува дека постои црквата Света Богородица, за која селаните не го знаат датумот на изградба, но според изгледот таа била многу стара, веројатно повеќе од 350 до 400 години. До 1879 година, црквата имала и рушевини од манастирски конаци, при што истата година за нивна обнова, селаните на Ракотинци позајмиле пари од познатиот албански сточар, поседник и насилник Касам - ќаја, за што тие потоа 3 години бесплатно ја обработувале земјата на неговиот чифлик во Маркова Сушица[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads