Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Субашќој

црква во Субашќој, Серско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Субашќојmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Субашќој, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1][2]

Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...
Remove ads

Историја

Црквата се наоѓа во источниот крај на селото. Изградена е во 1836 г. врз темелите на храм подигнат во 1775 – 1785 г. или порано. Кон 1835 г. храмот бил во урнатини и селаните успеале да издејствуваат негова возобнова веројатно од султанот Махмуд II, веројатно со помош од митрополитот Григориј Серски (подоцна цариградски патријарх). Во ферманот има услов да не се смени големината на старата црква (7,60 м во висина, 13,50 м во ширина и 15 м во должина) и трошоците да ги преземе црквата без да се товари месното население. Обновата е завршена на 10 мај 1836 г. според натписот на плоча на северниот надворешен ѕид.[1]

Во парохијата влегуваат и параклисите „Св. Илија“, „Св. Ѓорѓи“, „Св. Марина“ и „Св. Димитриј“.[2]

Remove ads

Архитектура

Градбата претставува трикорабна базилика со нартекс и женска црква. Иконостасот е дрвен и има три реда икони — над царските ред со 12 икони и над него уште еден со 27. Храмот е делумно живописан во XIX век со 24 сцени. Во 1953 г. фреските се обновени.[1]

Во XX век е изграден нов нартекс на запад. Првичната камбанарија е подигната во 1882 г., но била ниска, и затоа во 1925 – 1927 г. е изградена нова, на пет ката. Во 1915 г. е срушено старото училиште и црковниот двор е проширен. Изградена е нова чешма, во која е вградена римска надгробна стела, откриена во месноста Хаџисулинар.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads