Црнешево

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црнешевоmap
Remove ads

Црнешево (грчки: Γαρέφι, Гарефи; до 1922 г. Τσερνέσοβο, Цернесово[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 663 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Кратки факти Црнешево Γαρέφι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во северниот дел на котлината Меглен, 5 км северно од С’ботско, в јужното подножје на Ниџе. Се состои од две маала — Горно и Долно Црнешево (Άνω и Κάτω Γαρέφι, Ано и Като Гарефи). Горно Црнешево било и останало христијанско, додека пак Долно Црнешево го примило исламот во немирните години за да обезбеди сигурност.[3] Во извесни периоди двете маала се броеле како одделни села.

Remove ads

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Црнешево било македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Царничево (Tzarnichevo) било село во Воденската каза со 103 куќи во кои живееле 164 Македонци-христијани и 296 Македонци-муслимани.[4][5] Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Црнешево (Царнеш) — македонско село со христијанско и муслиманско население, со машко население од 326 лица во 90 домаќинства.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Црнешево било верски мешано македонско село во кое живееле 210 Македонци-христијани и 580 и Македонци-муслимани.[4][8]

Целото христијанско население на селото било подложено на грчка пропаганда и под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Црнешово (Tzirnechovo) имало 160 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][9]

Во 1909 г. во Црнешево влегла и бугарската пропаганда со отворање на бугарско училиште.[10]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.075 жители, кои во 1920 г. биле 1.015.[3] Во 1922 г. селото е преименувано во Гарефи, во чест на андартскиот капетан Константинос Гарефис. Во 1920-тите целото население Долно Црнешево како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано, со вкупно 436 жители,[3] од кои 103 лица (24 семејства) биле дојденци.[11] Меѓутоа, грчки дојденци почнале да го напуштаат селото и да се преселуваат во полето, а нивните имоти го откупувале Македонците од Горно Црнешево. Така, веќќе во 1940 г. добар дел од населението на Долно Црнешево било македонско, покрај целосно македонското население на Горно Црнешево.

Според статистиката на НОФ, во 1947 г. од вкупно 120 жители на Долно Црнешево, 80 биле Македонци. За време на Граѓанската војна властите ги иселиле жителите на Горно Црнепево во Баово и С’ботско, но овие се вратиле по војната и ги откупие сите имоти на грчките дојденци од Долно Црнешево кои веќе си заминувале од селото. Така, за неколку години целото Црнешево повторно станало чисто македонско, овојпат и чисто христијанско.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Во селото се одгледуваат индустриски пиперки, тутун, жито, десертно грозје и овошје, а развиено е и сточарството.[3]

Знаменитости

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads