Чаликово

историско село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Чаликовоmap
Remove ads

Чаликово (се среќаваат и Чал’ково и Чалково; грчки: Τσαλίκοβο, Цаликово) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Населението се состоело исклучиво од Македонци.[1]

Кратки факти Чаликово Τσαλίκοβο, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Вардарија, на 3 км југоисточно од градот Кулакија, на територијата на Националниот парк Делта на Вардар.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Чаликово било мал чифлик. Тодор Симовски ги дава алтернативните имиња Чали Чифлик и Чалкатик.[1] Во 1880 г. се наоѓало меѓу двата ракава на Вардар (Голем и Мал Вардар).[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека Чаликово е село с 26 домакинства и 115 жители Македонци.[4][5] Според Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в 1900 година в Чалъково живеят 200 Македонци християни.[4][6] Цялото село е под върховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година во Чаликово (Tsalikovo) имало 128 жители Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште[4].[7]

Во 1905 г. според грчки податоци Чаликово имало 68 жители, „славофони патријаршисти“.[3]

Селото страдало од поплавувањето на Вардар. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Чалаково било растурено во поплава од 1897 г. кога имало 30 куќи.[8] Во 1906 г. селото повторно било целосно уништено во голема поплава на Вардар. Во јуни истата година Димитриос Сарос, кој наминал во регионот, вели дека селото е збришано од речните води, и останале само црквата и малото училиште.[3]

Во Грција

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Селото не е обновено, но отпишано е дури во 1927 г.[1]

Единствена преостаната градба од селото е црквата „Св. Димитриј“ — трикорабна базилика од 1858 г. Во 1983 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[9]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads