Чампорадо
Чоколадна оризова каша правена во Филипините From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чампорадо или цампурадо[1] (од шпански: champurrado)[1] ― слатка чоколадна оризова каша во филипинската кујна.
За мексиканскиот пијалак, видете Чампурадо.
Remove ads
Состојки
Традиционално се прави со варење леплив ориз со таблеа (традиционални таблички од чисто мелени печени зрна какао). Може да се служи топло или ладно, обично за појадок или лесен оброк, со млеко (или кокосово млеко) и шеќер по вкус. Обично се јаде како што е, но вообичаеното спарување е со солена сушена риба (даинг или тујо).
Тинугонг е варијанта на чампорадо во регионите на Филипините каде што се зборуваат висајски јазици. Најчесто се прави со варење леплив ориз со шеќер наместо табела. Некогаш во него се додаваат кафе или млеко.[2][3]
Remove ads
Историја
Неговата историја може да се следи од шпанскиот колонијален период на територијата на денешните Филипини. За време на галеонската трговија меѓу териториите на денешните Мексико и Филипините, мексиканските трговци го донеле знаењето за правење чампурадо на Филипините (на враќање, тие ја вовеле тубата (палмово вино) во Мексико). Со текот на годините, рецептот бил менуван; Филипинците на крајот нашле начини да го направат мексиканскиот чампурадо како филипински чампорадо со замена на масата со леплив ориз.[4]
Remove ads
Поврзано
- Список на каши
- Цоколате
- Чоколадна индустрија во Филипините
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
