Чајлане
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чајлане — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел од Скопската Котлина, лево од автпатот Тетово - Скопје.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 22 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 104 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 222 жители.[2]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[3] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[4]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 580 жители, од кои 577 Албанци, 2 Бошњаци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 639 жители, од кои 602 Албанци и 37 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Чајлане е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Ибишалар (15 к.), Миналар (14 к.), Исафалар (19 к.) и Вјш или Долдур (19 к.) сите се доселени од фисот Бериша во северна Албанија. Доселени се пред повеќе од 200 години.[12]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads