Чевларски занает

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чевларски занает
Remove ads

Чевларство или кондураџиство — традиционален занает на изработка или поправка на обувки. Денес изработката е целосно потисната од индустриското производство, па занаетот е сведен на поправка на обувки.

Thumb
Thumb
Чевлар на битолскиот пазар (2025)

Чевларите (наречени и „кондураџии“) изработуваат разни обувки, како што се чевли, чизми, сандали, кломпи, мокасини и др. Овие предмети се прават од кожа, дрво, гума, пластика, јута и други растителни материјали и често содржат повеќе делови (или слоеви) за поголема трајност на ѓонот, на кој се зашива кожата.

Чевларите користат чевларски калап на кој ги изработуваат чевлите. Тој може да биде железен или дрвен. Некои чевларски калапи се прави, додека други се свитливи, и затоа постојат во пар: еден за леви и еден за десни чевли. Денешните чевлари можат да користат и материјал од автомобилска гума како евтина алтернатива за изработка на ѓонови.

Remove ads

Кожарско-преработувачки занает

Еден од најчестите занаети во Охридско-струшкиот регион бил чевларскиот занает, кој како современ занает се развил кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во Охрид најповеќе биле застапени мајстори за изработка на „старовремски“ чевли наменети за турското население. Со нивното раселување, се изменила и модата. Попознати „модерни“ чевлари од тој период биле Никола Филипче, Климе Банде, Сандре Пирузе, Јонче Куртеле и други.[1]

Remove ads

Чевларски еснаф

Чевларите за време на Турците имале свој еснаф и своја слава, на Св. Спиридон. Овој празник го славеле сè до 1945 година. Во чест на овој празник ги затворале дуќаните и се собирале во некоја мајсторска куќа, според ждрепка.[2]

Thumb
Дрвени чевларски калапи

Чевларството по Првата светска војна

По Првата светска војна бројот на чевларите се зголемил. До Балканските војни суровината за изработка на чевли се носела од Солун, преку битолските трговци. Добрите мајстори се служеле со калапи за чевли и со земање мерка. По Првата светска војна се развива модата на носење чевли, па за добрите мајстори секогаш имало работа. Модата доаѓала од Париз, а за такви чевли најголема тешкотија им било снабдувањето со калапи.[3]

Алати во чевларскиот занает

Алатите со кои се служеле чевларите меѓу двете светски војни биле клешти, ќерпа, шило, нож, дурбија, распа, лабуњо, менѓеме, српин и друго. Овие алати главно се набавувале од странство.[4]

Thumb
Калап за извлекување на чизми

Интерес за чевларскиот занает

За изучување на чевларскиот занает имало голем интерес. Мајсторите имале по двајца калфи кои го изучувале занаетот и биле добро платени. Охридското занаетчиско здружение уште во 1928 година известило дека во Охрид за време на Турците имало 76 чевлари, а во 1928 година нивниот број бил 40. Охридските и струшките чевлари добро поминувале сè додека не се појавиле индустриските чевли на пазарот. Поради тоа преку своите здруженија вршеле притисок да не се отвораат дуќани со индустриски чевли во нивна близина, што драстично ја намалувало цената и прометот. Но, такви продавници се отворале и во најмалите градови.[5]

Remove ads

Чевларите како тема во книжевноста

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads