Чеплеска Река

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чеплеска Река
Remove ads

Чеплеска Река — река во Македонија на планинскиот масив Мокра. Се наоѓа на Орешка Планина и е притока на Бабуна[1]. Настанува од неколку помали изворчиња, високо во буковата шума на планинскиот масив Мокра во близината на месноста на некогашното раселено село денес Планинарски дом „Чеплез“. Целото нејзино течение е низ густата букова шума сè до нејзиното влевање во изворишното подрачје на горното течение на Бабуна во Нежилово. Преку нејзиното течение минуваат обележаната планинарска пешачка патека и колскиот шумски пат од Папрадиште кон планинарскиот дом Чеплес. Близу до колскиот пат се наоѓа мал и убав водопад, а крај планинарската патека остатоци (ракли) од стар мост. Според месни кажувања и преданија долот и течението на Чеплеска Река ја претставуваат границата помеѓу планините Даутица и Јакупица.

Кратки факти Чеплеска Река, Местоположба ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads