Черепјани

село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Черепјани
Remove ads

Черепјани (Черепјан или Черепништа; грчки: Γλυκοκερασιά, Гликокерасиja; до 1927 г. Τσιαραπιανή, Цјарапјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2021). Сè до 1923 г. било населено со Валахади (Грци-муслимани).[3]

Кратки факти Черепјани Γλυκοκερασιά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Населица, на 15-тина километри југозападно од гратчето Лапчишта, североисточно од Жупан и 5 км западно од Цотил.

Историја

Во Отоманското Царство

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот од ХІХ век Черепјани се води како муслиманско гркојазично село во Населичката каза.

Според Васил К’нчов во 1900 г. во Черепјан (Черепништа) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во селото имало 100 Валахади.[5]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Печани е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 131 жител,[6] кои во 1920 г. се намалиле на 98 лица.[3]

Во средината на 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор и на негово место се доведени Грци од Понд. Во 1928 г. Черепјани е заведено како наполно дојденско село со 58 жители (16 семејства).[7] Во 1923 г. дојденците ја изградиле црквата „Св. Никола“, обновена во 1943 г.[8] Во 1927 г. името на селото е сменето во Гликокерасија, што во превод значи „слатка цреша“.

Почнувајќи од 1960-тите населението почнало да опаѓа поради иселување, и продолжило во тој правец до денес.[3]

Во 1987 г. источно од селото е изграден параклисот „Св. Троица“, на местото каде, според преданијата, се наоѓала старата селска црква пред потурчувањето на жителите.[9]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото произведува од сè по малку, а особено е развиено сточарството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads