Черкаси

From Wikipedia, the free encyclopedia

Черкасиmap
Remove ads

Черкаси (украински: Черкаси) — град на реката Днепар во централниот дел на Украина. Тој е административен центар на Черкаската област и административен центар на околниот Черкаски реон, во рамките на област. Градот бил основан уште во 13. век, и одиграл важна културно-општествена улога во историјата на Украина. Во тоа време, градот бил претежно населен со Козаци.

Кратки факти Черкаси Черкаси, ДржаваОбласт Реон ...

Неговата местоположба е отприлика 200 километри јужно од главниот украински град Киев. Бројноста на населението, според последниот попис од 2011 г. е 288 илјади жители. Во месец јуни 2011, Черкаси го прославил својот јубилеен 725 роденден.

Климата во градот е умерено-континентална, со благи зими и жешки лета. Просечната температура во градот на годишно ниво е 7,7 °C. Во јануарскиот период просечната температура на воздухот е -6 °C, додека во лето таа изнесува +20 °C. Најниската измерена температура била -25 °C (што е ретко се случува), додека пак највисоката била +35 °C, забележана во месец јули.

Бројот на население бил најголем во 1990 г. кога Черкаси имал речиси 300 илјади мештани. Оттогаш па наваму, тој број е во постојано опаѓање, што најмногу се должи на високата смртност кај месното население, социо-економската состојба и наглиот процес на урбанизација на местото. Денес, градот има точно 286.037 жители. Најголем дел од населението се Украинци, но исто така се застапени и руското и еврејско малцинство. Според половата припадност, 46,4% се мажи, додека останатите 53,6% се жени. Објавени се и податоци за старосната структура на населението, од кое 19% се лица-пензионери, додека само 15% се деца под 14 години. Овие бројки говорат за нерамномерната застапеност на возрасните групи.

Remove ads

Територијална организација на Черкаси

Во градот Черкаси има 2 општини (реони):

Повеќе информации Реон, Население ...

Образование

Во Черкаси се наоѓаат голем број на универзитети, од кои најголеми се Черкаскиот државен технички универзитет и Черкаскиот национален универзитет „Богдан Хмелницки“.

Збратимени градови

Черкаси е збратимен со следните градови:


Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads