Чифлик (Штипско)

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Чифлик (Штипско)map
Remove ads

Чифлик — раселено село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Воздушен поглед на обработливи површини во атарот на селото

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Штип, на стариот пат кој водел од градот Штип за Радовиш, но не во долината на Крива Лакавица.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 600 метри.[2]

Селото се наоѓа во западните падини на Плачковица, оддалечено 12 километри јужно од Штип.

До селото води земјен пат, кој започнува од самиот град Штип, но може и да се пристапи од селото Љуботен.

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 6,8 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 390 хектари, на пасиштата отпаѓаат 174 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 97 хектари.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чифлик живееле 602 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 688 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]

Селото е мало, населено со македонско население и е во фаза на целосно раселување. Тоа, во 1961 година броело 88 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само девет жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Чифлик било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Чифлик се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долани, во која влегувале селата Долани, Липов Дол, Љуботен и Чифлик.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2311 според Државната изборна комисија, сместено во простории на продавница во селото Љуботен. Во ова избирачко место се опфатени и селата Љуботен и Липов Дол.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[13]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads