Чифлиџик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чифлиџикmap
Remove ads

Чифлиџик (грчки: Στρυμονοχώρι, Стримонохори; до 1926 г. Τσιφλιτζίκ, Цифлиѕик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Кратки факти Чифлиџик Στρυμονοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 4 км западно од градот Валовишта, на почетокот на Серското Поле. Лежи на левиот брег на Струма, недалеку од јужното устие на Рупелската Клисура.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Чифлиџик бил чисто македонско село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чифлџик (Tchiflidjik) било село со 60 домаќинства сочинети од 195 Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Чифлиџик, 12 час на северозапад од Валовишта, близу до Струма. Рамно поле. 20 куќи само Македонци.[6][7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 80 жители, сите Македонци.[4][8]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Чифлиџик (Tchiflitchik) се состоело од 320 жители Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 208 жители, кои во 1920 г. нараснале на 329 жители.[3] Извесен дел од населението се преселило во Бугарија, а властите на негово место довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Стримонохори, во превод Струмско Село.[10] На пописот од 1928 г. Чифлиџик е претставен како мешано мештанско-дојденско село со 738 жители,[3] од кои 395 лица (102 семејства).[11]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads