Чичигаз

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чичигазmap
Remove ads

Чичигаз (Чичиг’с или Чешиг’з; грчки: Σταυροδρόμι, Ставродроми; до 1926 г. Τσίτσιγκες, Цицигес[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 486 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Кратки факти Чичигаз Σταυροδρόμι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во источниот дел на Солунското Поле (средиштето на Ениџевардарското Поле), 10 км северозападно од Пласничево и 10 км јужно од градот Воден.

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Чичигаз е забележано како чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чеши Г’с (Чичег’с) живееле 420 Македонци.[4][5] Сите жители на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чечиг’с имало 200 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]

Во селото работела бугарската пропаганда. Според податоци на кукушкииот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Чичег’з работело бугарско училиште.[7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 30 македонски куќи и две куќи на Роми христијани.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 208 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 255.[3] Во 1926 г. името на селото е сменето во Ставродроми што значи „крстопат“.[8]

Во 1928 г. селото имало 299 жители, а во 1940 г. броело 298 лица. По војните населението земало голем замав и во следните десетлетија речиси се удвоило.[3] Сите жители и понатаму останале исклучиво Македонци.

Remove ads

Личности

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото се смета за многу богато бидејќи е во поле и неговото земјиште целосно се наводнува. Главни производи се овошјето (праските и крушите), памукот, житото, пченката и др. Застапено е и краварството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads