Чувашија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чувашија
Remove ads

Чувашија (рус. -Чувашская Республика, чувашки -Чăваш Республики) е автономна република во составот на Руската Федерација. Главен град е индустрискиот центар Чебоксари, кој има 453.700 жителии и се наоѓа на реката Волга. Втор град по големина е Новочебоксарск.

Повеќе информации Чувашская РеспубликаЧăваш Республики Република Чувашија Знамето на Чувашија Грбот на Чувашија Знаме Грб, Положна во Русија ...
Thumb
Карта на Чувашија
Thumb
Главниот град Чебоксари со заштитниот знак
Remove ads

Географија

Чувашија е сместена во централниот дел на Европска Русија, во срцето на Волга - Вјатка регионот, помеѓу Нижни Новгород и Казан.

На север и запад се граничи со Волга, со Мариј Ел на север и Нижни Новгород областа на запад. На југ границите се со Мордовија и Уљјановската област, и на исток со Татарстан.

Часовен појас

Чувашија е сместена во московскиот часовен појас (MSK/MSD). UTC со разлика од +0300 (MSK)/+0400 (MSD).

Природни богатства

Чувашија има ресурси како: гипс, песок, триполи глина, и тресет.

Клима

Во Чувашија влијание има континенталната клима. Просечните температури се од −13 °C во јануари до 19 °C во јули. Просечните врнежи од дожд се околу 500 mm.

Remove ads

Демографија

  • Популација

Според пописот во 2002, вкупното население во Чувашија изнесува was 1,346,300. 794,800, или 60.9% живеат во урбани предели. 510,200, или 39.1% живеат во рурални предели.

  • Наталитет (2005)
    • Раѓања: 13,133 (10.1)
    • Умирања: 19,682 (15.2)
  • Етнички групи

Според пописот во 2002 етничките Чуваши се 67.7% од вкупната популација. Други групи се Руси (26.5%), Татари (2.8%), Мордовијци (1.2%), Украинци (0.5%), и други кои се помалку од 0,5 %.

Повеќе информации попис 1926, попис 1939 ...
Remove ads

Историја

Постои теорија дека чувашките предци се Прабугарите кои живееле на северниот Кавказ од 5. до 8 век. Дел од Прабугарите во 7 век тргнале за Балканот каде што го формирале Првото Бугарско Царство, но подоцна биле асимилирани од Словените. Другиот дел од Прабугарите се преместиле до средна Волга. Чувашите се формирани во голем дел од тие Прабугари, кои не го прифатиле исламот во 10 век. Чувашија станала дел од Русија во 1551 година.

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads