Чучулигово (Петричко)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чучулигово (Петричко)map
Remove ads

Чучулиговосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Чучулигово, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Чучулигово се наоѓа на 15 километри источно од Петрич, во Петричко-санданската котлина, на левиот брег од реката Струма, во непосредна близина на бугарско-грчката граница. Селото се наоѓа на надморска висина од 79 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 3.839 км2. Западно од селото се наоѓа европскиот пст Е79, на околу 1 километар северно од Кулата.

Историја

Селото било основано по Балканските војни од 1913 година од бегалци од Егејска Македонија и го носи името на напуштеното село Чучулигово, Серско. Во 1919 година, во селото се населиле и бегалци од други села во Серско.

Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото Чучулигово било окупирано и запалено од грчката армија.

Население

Еве преглед на населението на Чучулигово низ годините:[1][2]

Повеќе информации Година ...
Население по возраст
од 2011 година
[3]:

Личности

Родени
  • Мирчо Разбојников (1918-2004), партизан
Починати
  • Георги Хазнатарски (Гогата Хазнатарски) (1877 -1941), македонски револуционер, војвода на ВМРО
  • Крсто Хаџииванов (1929-1952) поет
  • Лазар Кунгалов (1884 -1970), македонски револуционер, војвода на ВМРО
  • Тома Радовски (1862 -1957), македонски револуционер, војвода на ВМРО
  • Христо Радовски (1903 – 1980), македонски револуционер, војвода на ВМРО
  • Иван Радовски (1905 – 1978), македонски револуционер, војвода на ВМРО
  • Марко Радовски (1908 – 1984), македонски револуционер, војвода на ВМРО

Поврзани

  • Емилија Божинова (1970), попфолк пејачка
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads