Лазар Кунгалов

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Лазар Кунгалов
Remove ads

Лазар Кунгалов (15 октомври 1884 Радово, Серско15 април 1970 , Чучулигово, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, деец на ВМОРО.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Лазар Кунгалов како член на ВМОРО со Тома Радовски раководат мала чета која дејствува по течението на реката Струма. Целта е собирање оружје и пари за организацијата. Во периодот околу Балканската војна, Лазар е во четите кои се формирани и дејствуваат во Серскиот револуционерен округ на ВМОРО.[1] Поради својата активност пати неговото семејство, тоа е иселено од грчките власти во реонот на Волос, на 215 километри јужно од Солун. По преселувањето на семејството во Чучулигово, Петричко, Лазар и Тома Радовски со четата движеле и во тој реон. Кон крајот на својата активнот Лазар се населил во селото Чучулигово. Живеел одделно од фамилијата, во сопствена куќа.[2]

Во 1941 година се преселил во Сер, каде имал своја кланица и месарски дуќан.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads