Шаинташ

село во Општина Радовиш From Wikipedia, the free encyclopedia

Шаинташmap
Remove ads

Шаинташ — село на планината Плачковица, Општина Радовиш, источна Република Македонија. Денес селото е целосно иселено, во него постојат само неколку вили, кои се користат повремено за одмор. Исто така, околината на село Шаинташ се користи за сечење дрва за огрев и мебел, садење планински земјоделски култури - како компир, сточарство и слично.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Радовишки Шоплук, оддалечено 10 км североисточно од општинскиот центар Радовиш. Селото е сместено на надморска височина од 1.000 метри.[3]

Атарот на Шаинташ зафаќа простор од 16,1 км2.[3]

Историја

Во XIX век Шаинташ е мало, целосно македонско село во Радовишката каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Шаинташ имало 80 жители, сите Македонци.[4]

Во почетокот на XX век мнозинството од жителите на селото се под владетелство на егзархијата. Според податоци на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шаин Таш (Chaïn-Tache) има 80 македонски жители.[5]

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година еден човек од Шаинташ е доброволец во Македонско-одринското ополчение.[6] По Втората балканска војна во 1913 година селото останува во Србија.

Remove ads

Стопанство

Жителите на селото се занимавале со сточарство и земјоделство.

Демографија

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Денес селото е целосно иселено. Во минатото, селото било со мал број на жители. Околу 1905 година во селото имало 80 жители. Речиси сите жители во педесеттите и шеесеттите години на XX век се преселиле во селото Ораовица и во Радовиш.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Шаинташ било македонско село

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Доселеници: Стојановци (6 к.) доселени се пред 300 години од селото Пресека кај Кочани; Крстовци со Пецовци (9 к.) доселени се од селото Козбунар, во исто време со претходниот род; Стевановци со Ѓоргевци (7 к.) доселени се во исто време со претходните два рода од селото Вртешка кај Штип; Лазаревци (3 к.) и Пецовци (3 к.) доселени се од селото Смиланци.[12]
Remove ads

Самоуправа и политика

Центарот на село Шаинташ е град Радовиш.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[13]

Редовни настани

Родени во Шаинташ

  • Стојмен Илиев - македоно-одрински војник, жител на Радовиш, 4 чета на 3 солунска дружина, рант на 17 јуни 1913 година[14]

Култура и спорт

Иселеништво

Денес селото е целосно иселено. Повеќето од жителите на Шаинташ се иселиле во Радовиш и село Ораовица.

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads