Жаба (река)

река во Југозападна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Жаба (река)map
Remove ads

Жабарека во Југозападна Македонија и лева притока на Црна Река. Речните води се проценува дека би можеле да послужат како извор за производство на електрична енергија.

Кратки факти Жаба, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Течението на реката започнува на Бушева Планина, северозападно од Крушево, каде што таа настанува од повеќе извори на надморска височина од околу 1.600 м. По своето течение, таа поминува низ селата Арилево (каде е позната под името Шапка) и Долно Дивјаци. Кај селото Долно Дивјаци од нејзината лева страна се влева реката Распаќе (Горноливадска Река). Во Црна Река се влева од нејзината лева страна, над селото Прибилци, на надморска височина од 638 м.[1]

Remove ads

Хидрографија

Жаба е долга 21 км, а вкупната површина на речниот слив изнесува 92,82 км2. Надморската височина на почетокот на течението е околу 1.600 м, додека при вливот во Црна Река е 638 м, со што релативниот пад е 23,7‰.[1] Просечниот речен проток изнесува 366 л/сек.[2]

Енергетика

По течението на реката е планирана изградба на мала хидроцентрала со инсталирана моќност од 380 KW.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads