Прибилци
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прибилци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4,5 километри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 230, а на пасиштата 178 хектари.[3]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Прибилци се наоѓало во Демирхисарската нахија на Битолската каза на Отоманското Царство.
Ова село е познато и опеано во многу македонски народни песни поради големата бунтовност и македонско родољубие на неговото население. За неговото име се верува дека е добиено поради што во селото се прибирале македонски ајдути и комити од турските потери, меѓутоа селото е основано и пред османскиот период. За време на Илинденското востание близу селото се одиграла помала битка меѓу македонските комити и турскиот аскер (за време на почетокот на востанието), а турскиот аскер кога поминувал покрај селото одејќи кон Крушево не ги пронашло комитите кои се скриле во селото.
Населението било активно и за времето на НОБ, за што сведочи споменикот во селото. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Remove ads
Стопанство
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прибилци имало 450 жители, сите Албанци муслимани,[5]. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибилци имало 480 жители, Албанци муслимани.[6]
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. в Прибилци живееле 404 Турци,[7] што е веројатно поточно од горенаведените два извора, но нивниот број не може да бил толку висок, а камо ли мнозински.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]
Прибилци е населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 436, а во 1994 година бројот се намалил на 287 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 153 жители, од кои 142 Македонци и 11 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Прибилци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Доселеници: Трајановци (3 к.) доселени се во 1913 година од селото Слоештица. Таму имаат истоимени роднини; Ресуловци (3 к.) доселени се во 1914 година исто така од селото Слоештица; Џванковци или Наумовци (2 к.) и Џванковци или Златановци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Жван; Дуковци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Железнец; Масларовци (4 к.) доселени се во 1915 година од Сладуево и Единаковци, од домазети; Дуртановци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Бараково; Вељановци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Единаковци; Тајтановци (4 к.) доселени се во 1930 година од селото Бараково; Барлевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Журче; Крстан (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Бабино; Алексовци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Чакаровци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Сопотница; Врбовци (1 к.) доселени се од селото Брезово; Мирчевци (5 к.) доселени се во 1925 година од селото Бабино; Младеновци (2 к.) доселени се од селото Ново Село; Трајчевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Растојца; Шумковци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Цер кај Кичево; Чобановци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Беговци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Велмевци; Десковци (2 к.) доселени се во 1912-13 од селото Базерник; Богевци со Ќизаровци (2 к.) доселени се во 1921 година од селото Кочишта; Маслароски (2 к.) доселени се во 1916 година од селото Единаковци; Пупачовци (4 к.) доселени се од селото Сопотница; Шутевци (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Мало Илино; Момировци со Јовановци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Бабино; Тошевци (3 к.) доселени се од селото Сладујево во 1915 година, а таму се доселиле од селото Единаковци; Турјановци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Турје во Дебрца; Шундуровци (1 к.) и Настовци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Мало Илино; Сиџимковци (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Мало Илино; Ѓуровци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Црвенковци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Сладуево, таму се доселиле од селото Радово; Дранговци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Жван; Чакмаковци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Острилци кај Крушево; Вејкрповци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Белевци (5 к.) доселени се во 1920 година од селото Острилци; Тушловци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Журче; Бакамовци (1 к.) доселени се од селото Острилци; Суклевци (1 к.) доселени се во 1939 година од селото Слоештица.[15]
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение[16], подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Прибилци, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 631 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 170 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[19]
- Над Селото — црква и некропола од средниот век;
- Самоникојца — топилница од доцноантичко време;
- Стара Раслојца — средновековна населба;
- Старо Село — населба и некропола од средниот век.
- Цркви[20]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Споменици
- Споменик за НОБ
Remove ads
Култура и спорт
- ФК Прибилци
Галерија
- Стари градби во селото
- Селската продавница
- Поглед на селото
- Поглед на селото со селските гробишта
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads