Шенген-зона
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шенген-зона област која се состои од 29 европски држави кои официјално ја укинале пасошката и сите други видови на гранична контрола на нивните заеднички граници. Зоната е наречена по Шенгенскиот договор од 1985.
Вкупно 25 од 27-те земји-членки на ЕУ се дел од Шенген-зоната. Четирите земји-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA), Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген-зоната. Европските микродржави — Монако, Ватикан и Сан Марино се де факто дел од Шенген-зоната. Шенген-зоната има население повеќе од 400 милиони луѓе и се протега на површина од 4,312,099 км2.[2] Околу 1,7 милиони луѓе работат секојдневно на европска граница, а во некои региони овие луѓе сочинуваат до една третина од работната сила. Секоја година, вкупно има 1,3 милијарди премини на границите на Шенген. 57 милиони премини се должат на превоз на стоки по пат, со вредност од 2,8 трилиони евра секоја година.[3][4][5] Намалувањето на трошоците за трговија поради Шенген варира од 0,42% до 1,59% во зависност од географијата, трговските партнери и други фактори. Земјите надвор од Шенген-зоната исто така имаат поволности.[6] Државите во Шенген-зоната ги зајакнале граничните контроли со земјите што не се членки на Шенген-зоната.[7]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads