Шипковица (Радовишко)

село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Шипковица (Радовишко)map
Remove ads

Шипковица — раселено село во Општина Радовиш, во областа Радовишки Шоплук, во околината на градот Радовиш.[2]

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Thumb
Куќа во околината каде се наоѓа Партизанската болница

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Шипковице во XIV век (1347-50 г.). Неговото значење доаѓа од шипка, што може да означува шипкова река и/или шума.[3]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Радовиш, на југозападната падина на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на општините Виница и Карбинци.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.200 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, од кој е оддалечен 15 километри.[4]

До селото води земјен пат од две страни: од селото Козбунар со исклучување на регионалниот пат 2431, или пак од крајот на асфалтираниот дел на регионалниот пат во околината на хотелот „Бел Камен“.

Remove ads

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 21,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.923 хектари, на пасиштата отпаѓаат 114 хектари, а на обработливото земјиште 90 хектари.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипковица живееле 85 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шипковица имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото е мало, населено со македонско население и е во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото имало 190 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 20 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Шипковица немало жители.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads

Самоуправа и политика

Во XIX век, Шипковица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Шипковица, се наоѓале градот Радовиш и селата Аликоч, Козбунар, Коџалија, Парналија, Раклин и Супурге. Во периодот 1950-1952, селото претставувало дел од некогашната Општина Козбунар, каде влегувале селата Козбунар и Шипковица.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1607 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[5]
Споменици
  • Партизанска болница — болница за време на НОБ за ранетите во борбите со бугарските окупатори
  • Споменик на НОБ кај Партизанската болница
Реки[17]
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Шипковица
  • Дане Трајков — партизан[18]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads