Шлески дијалект

наречје на германскиот јазик From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Долношлескиот јазик (наречен и само шлески) (долношлески: Schläsch, германски: Schlesisch) е германски дијалект/јазик кој се зборува во Долна Шлеска. Овој регион денес ѝ припаѓа претежно на југозападна Полска, но зазема дел и од североисточниот дел на Чешка и источна Германија.

Кратки факти Долношлески јазик Schläsch, Јазични кодови ...

Оваа група дијалекти е речиси исчезната.

Германскиот шлески дијалект дел од јазичната област источните средногермански јазици со извесни западнословенски влијанија. Веднаш по Втората светска војна Шлеска ѝ припаднала на Полска и веднаш започнало протерувањето на Германците источно од границата Одра-Ниса. Како резултат на ова германската шлеска култура и јазик речиси исчезнале. Полските власти им забраниле на преостанатите прогонувани Германци да говорат на мајчиниот јазик. Ова до денес останува нерешено прашање и за Полјаците и Германците - главно заради постапките на фашистичка Германија кон Полјаците, и заради присилното истерување и етничко чистење на германскиот народ од поранешните германски територии, кои со Потсдамската спогодба ѝ биле дадени на Полска.

Шлескиот германски дијалект не е воопшто признаен од полската влада, и покрај тоа што статусот на германското малцинство во Полска е прилично подобрен со падот на комунистичкиот режим во 1991 г. и влегувањето на Полска во Европската Унија. Оваа поголема група дијалекти може да се подели на неколку помали групи на говори: планински шлески, југоисточноошлески, средношлезски, западноплески и холандски.[2] североисточнобемската група исто така му припаѓа на шлеското говорно подрачје.[3][4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads