Шомоѓ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шомоѓ (унгарски: Somogy megye; словенечки: Šomodska Županija) е името на административниот округ (comitatus или megye) во модерна Унгарија, како и во поранешното Кралство Унгарија.
Шомоѓ Somogy megye | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
Регион | Јужен прекудунавски регион |
Административен центар | Капошвар |
Површина | 6035,86 км2 |
Население | 325.024 (2008) |
Густина на населението | 53,8 /км² |
Број на населени места | 245 |
Географија
Округот Шомоѓ лежи во југозападна Унгарија, на границата со Хрватска. Се протега помеѓу реката Драва и јужниот брег на езерото Балатон. Своите граници ги дели со унгарските окрузи: Зала, Веспрем, Фејер, Толна и Барања. Тој е најретко населениот округ во унгарската држава. Главен град и негов адмнистративен центар е градот Капошвар. Округот зафаќа површина од 6036 км2.
Историја
Шомоѓ било исто така и името на историскиот административен округ (comitatus) во Кралството Унгарија. Неговата територија која била малку поголема во споредба со територијата на денешниот округ, денеска се наоѓа во југозападна Унгарија. Главен град на округот бил Капошвар.
Галерија
- Кереки замокот гледан од горе.
- Воздушна фотографија: Палатата Нагиберки.
- Воздушна фотографија: Ихарозберени палатата.
- Воздушна фотографија: Палатата Бабокса.
Надворешни врски
![]() |
„Шомоѓ“ на Ризницата ? |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads