Шопска салата
македонска салата From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шопска салата — едно од македонските традиционални предјадења, а освен тоа карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење што жителите го користеле во најразлични јадења.[1]

Remove ads
Состојки
Во прилог се прикажани основните состојки за една голема чинија од оваа салата. Количината на салатата се менува во зависност од потребите.
- 500 г домати
- 3 главици кромид
- 1 зелена лута пиперка
- 200 грама овчо сирење
- 2 краставици
- масло
- сол
Начин на приготвување
Доматите и излупените краставици исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата лута пиперка и нарендајте го сирењето.
Галерија
- Шопска салата
- Макадонска шопска салата
- Шопска салата со ракија
- Шопска салата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads