Кромид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кромид е збор кој се користи за повеќе растенија од родот Allium. Тие во народот се познати како "кромид", но овој термин најчесто се однесува на видот Allium cepa. Allium cepa е исто така познат како градинарски кромид или луковичест кромид и козји лук (шалот).
Allium cepa е познат само како насад (култура),[1] но во Средна Азија постојат и сродни диворастечки видови. Најсродни видови се Allium vavilovii Popov & Vved. и Allium asarense R.M. Fritsch & Matin од Иран.[2] Меѓутоа, научниците Зохари и Хопф предупредуваат дека "постојат сомневања дека видот vavilovii е всушност диворастечки."[3]
Remove ads
Употреби
Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Тој се употребува како додаток или зачин во различни рецепти во речиси сите светски култури. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна, и тоа пржена или во салати, но и како зачин. Во зависност од вариететот, кромидот може да биде со остар или благ вкус.
Remove ads
Медицински својства и здравствени придобивки
Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања - од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетис, остеопороза и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерни и антиоксидирачки својства, како на пример кверцетинот. Сепак, не е јасно покажано дека зголеменото консумирање на кромид е директно поврзано со здравствени придобивки кај човекот. Некои истражувања, меѓутоа, покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и вратот. Во Индија, некои секти не јадат кромид, бидејќи се вреува дека тој има афродизиско дејство.
Еден американски хемичар истакнал дека плеиомерските соединенија во кромидот имаат потенцијал да ги намалат симптомите на фарингитис, или, пак, целосно да го излечат.
Remove ads
Кромидот како тема во уметноста и во популарната култура
- „Кромид“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[4]
- „Кромид“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[5]
- „Млад кромид“ (англиски: Green Onions) — песна од истоимениот албум на американската група Booker T. & The M.G.'s од 1962 година.[6]
- „Уште кромид“ (англиски: Mo' Onions) — песна на американската група Booker T. & The M.G.'s од 1962 година.[6]
- „Стаклен кромид“ (англиски: Glass Onion) — песна на британската рок-група Битлси од 1968 година.[7]
Галерија
- Црвен кромид.
- Вреќа со црвен кромид.
- Полиња со кромид близу Елба (Њујорк)
- Кромид под пластеник во Светиниколско
- Насад со (млад) кромид во Драчево
- Нива посадена со кромид во Драчево
- Нива посадена со кромид во Драчево
- Млад кромид - „машки“ со семиња за расад
- Млад кромид - „машки“ со семиња за расад
- Млад кромид - „машки“ со семиња за расад
- Готвење на кромид во тава за пржење.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads