Лужица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лужица (германски: Lausitz, горнолужички: Łužica, долнолужички: Łužyca, полски: Łużyce, чешки: Lužice) — историска област во Средна Европа. Се протега од реките Бубр и Квиса на исток до долината на Елба на запад, денес сместена во рамките на германските покраини Саксонија и Бранденбург, како и во Долношлеското и Лубушкото Војводство во западна Полска. По освојувањето на источна Германија од Црвената армија и поделбата во 1945, источниот дел на Лужица долж реката Лужичка Ниса припаднал на Полска.
- Статијава се однесува на област во Средна Европа. За селото во Егејска Македонија, погл. Лужица (Берско).

Името потекнува од лужичкиот збор luzicy, кој означува „мочуришта“.
Remove ads
Поважни населени места
Поважни градови и гратчиња во Лужица се:
- Горна Лужица: Бауцен, Герлиц, Цитау, Лебау, Каменц, Лубањ, Бишофсверда, Хернхут, Хојерсверда и Бад Мускау.
- Долна Лужица: Котбус, Ајзенхитенштат, Либен, Либенау, Шпремберг, Финстервалде, Зенфтенберг и Жари.
Поврзано
- Лужица — истоимено село во Берско, Егејска Македонија, кое исто така се дели на Горна и Долна (тука во улога на маала).
Надворешни врски
![]() |
„Лужица“ на Ризницата ? |
![]() |
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Лужица“. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads