Штерјо Наков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Штерјо Наков (роден во 1948 година во Штип) — македонски економист и стопанственик од влашко потекло[1][2][3].

Кратки факти Роден, Националност ...

Животопис

Родителите на Штерјо Наков по потекло се од Крива Паланка, Калин Камен[4]. Во периодот од 1973 до 1983 година бил вработен во Македонски железници, најпрвин како раководител на Одделот за комерцијални работи и подоцна како директор на интерната банка во рамките на Македонските железници. Во 1983 година станал генерален директор и претседател на Управниот одбор на шпедитерската фирма Фершпед АД – Скопје, кога групацијата Фершпед постигнала голем раст и развој, диверсифирајќи ја својата економска активност и во областа на туризмот и угостителството, производството на вино и слично.

Член на бројни бизнис асоцијации. За постигнатите резултати бил прогласен за стопанственик на годината во 1993 година. Во Македонија е сметан за вториот најбогат човек во земјата за 2012 и 2014 година[5][6]. Во 2008 година е добитник на Столна медалја од редот на Светиот македонски крст.

Remove ads

Компании

  • Фершпед АД (1995)[7]
  • Хотел „Александар Палас“[8]
  • Хотел Метропол - Охрид (2004) (х. Метропол, х. Белви и х. Турист)
  • Хотел Фершпед - Маврово
  • Фершпед Брокер

Поранешни компании

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads