2020-ти
десетлетие From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
2020-тите („две илјади и дваесеттите“) — тековното десетлетие кое започна на 1 јануари 2020, а ќе заврши на 31 декември 2029 г. Ова е третото десетлетие на XXI век и III милениум.
Tековната пандемија на COVID-19, руската инвазија на Украина и забрзувањето на глобалното затоплување се само некои од случувањата кои досега ги обележаа 2020-тите.
Remove ads
Значајни прогнози и познати настани
- Взаемодејството на трете главни декадни сончеви циклуси дека престои намалување на сончевата активност, со нискоенергетски период околу 2020 г.[1] Според написот на Џон Мадокс во списанието „Nature“, ова може да го ублажи глобалното затоплување (барем привремено) во 2010-тите и 2020-тите.[2]
- Под претпоставка дека атлантската повеќедекадна осцилација минува низ 70-годишен квазициклус (по највисоките точки во ≈1880 и ≈1950 г), тековната глобална фаза веројатно ќе ја достигне највисоката точка во текот на оваа деценија.[3][4]
- Вселенските агенции ЕСА (Европа),[5] КНВУ (Кина),[6] ФКА (Русија),[7] и ИСРО (Индија)[8] планираат секоја од нив да испрати екипаж на Месечината.
- Според извештај на Националниот совет за разузнавање, САД ќе се соочи со релативен пад на нивната економска и воена моќ, поради подемот на поновите велесили како Кина, Индија и ЕУ и домашните ограничувања на глобалното водство.[9]
- Војаџер 2 треба да престане да емитува на Земјата.[10]
- Футуристот Реј Курцвајл прогнозира дека 2029 е најверојатна година кога би се случил епохалниот момент во разојот на вештачката општа интелигенција. Тој очекува дека во овој период сметачите ќе достигнат човечка интелигенција, и дека набргу ќе gi надминат човечките умствени способности.[11]
- Intel прогнозира дека до 2029 суперсметачите ќе достигнат способност од зетафлопни размери.[12]
- Се предвидува дека кон крајот на деценијата светското население ќе надмине 8 милијарди, за половина милијарда повеќе од 2020, што претставува забавување на порастот во '10-тите, кога се прогнозира населението да се зголеми за 700 милиони.[13]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads