Def Leppard

англиска рок-група From Wikipedia, the free encyclopedia

Def Leppard
Remove ads

Def Leppard (транскрипција: Деф Лепард) ― англиска рок-група основана во Шефилд во 1976 година. Групата е меѓу најистакнатите претставници од новиот бран на британскиот хеви метал од раните 1980-ти. Најголем комерцијален успех имале од раните 1980-ти до средината на 1990-тите.

Кратки факти Животописни податоци, Познат(а) и како ...

Деф Лепард продале повеќе од 100 милиони музички записи[1] и имаат два албума со дијамантски сертификат од RIAA: Pyromania и Hysteria,[2] со што се вбројуваат меѓу петте рок-групи со два оригинални студиски албуми продадени во повеќе од 10 милиони примероци во САД.[3][4] Групата била рангирана на 31-во место на списокот од „100 најдобри хард-рок музучари“ според VH1[5] и на 70-то место на списокот од „100 најдобри музичари на сите времиња“.[6] Биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 2019 година.[7]

Remove ads

Историја

Atomic Mass и почетоци (1976-1979)

Средношколците од Шефилд: Рик Севиџ, Тони Кенинг и Пит Даблдеј, во 1976 година основале група под името Atomic Mass. Пит Вилис се приклучил во 1977 година. Истата година неколку други членови доаѓале и си заминувале.[8] За време на аудицијата на Џо Елиот за гитарист на групата[9] било одлучено дека тој е посоодветен да биде главен пејач.

За ново име на групата, Елиот го предложил „Deaf Leopard“.[10][11] На предлог на Кенинг, правописот бил малку изменет.[12]

Во 1979 година го издале нивниот прв мини-албум со три песни познат како The Def Leppard E.P. Продажбата на мини-албумот пораснала откако песната „Getcha Rocks Off“ била често емитувана од познатиот диџеј на BBC Radio 1, Џон Пил, кој во тоа време се сметал за првенец на панк-рок и новобрановата музика.[13][14]

Првиот албум на Деф Лепард, On Through the Night, бил издаден на 14 март 1980 година. Иако албумот се пласирал меѓу најдобрите 15 во Обединетото Кралство,[15] многу нивни рани обожаватели не го прифатиле затоа што сметале дека групата напорно се труди да ја привлече американската публика со снимање песни како „Hello America" (македонски: „Здраво Америко“) и со почести турнеи во САД; нивниот настап на фестивалот во Рединг бил прекинат откако публиката го изразила своето незадоволство фрлајќи по членовите од групата со лименки со пиво и шишиња полни со урина.[16][17][18] Во документарната серија Metal Evolution, Џо Елиот рекол дека медиумите го преувеличиле настанот и дека сите групи истиот ден доживеале „злоупотреба“ од публиката.[19]

Пробив со „High 'n' Dry" и успех со „Pyromania" (1981–1983)

Групата го привлекла вниманието на продуцентот од AC/DC, Роберт Џон „Мут“ Ланге, кој се согласил да работи на нивниот втор албум, High 'n' Dry, објавен на 6. јули 1981 година. И покрај слабата продажба на албумот (се искачил на 26-то место во ОК и 38-то во САД), спотот за песната „Bringin' On the Heartbreak“ во 1982 година станал едно од првите видеа со метал музика емитувани на MTV, со што групата се здобила со поголема присутност во САД.[20] По објавувањето на албумот, следувале европски и американски турнеи. Тие биле предгрупа за Ози Озборн и за групата Blackfoot.[21]

Thumb
Гитаристот Фил Колен (сликан во 2003 година) се придружил на групата во 1982 година.

На 11 јули 1982 година, Пит Вилис бил отпуштен од групата поради прекумерно консумирање алкохол на работното место и следниот ден бил заменет со Фил Колен од групата Girl. Оваа кадровска промена се случила за време на снимањето на нивниот трет албум, Pyromania, кој бил издаден на 20 јануари 1983 година, а исто така бил продуциран од Ланге. Водечкиот сингл, „Photograph“, ѝ помогнал на групата да стекне голема популарност; спотот од песната го истиснал „Beat It“ од Мајкл Џексон како најбарано видео на МТВ, а самата песна станала стандард на рок-радијата.[22] Вториот сингл, „Rock of Ages“, исто така се искачил на прво место на топ-листата Rock Tracks, а двата сингла стигнале меѓу најдобрите 20 на Hot 100 („Photograph“ 12 место и „Rock of Ages“ 16 место), што било невообичаено за хард-рок песни.

Албумот Pyromania бил продаден во шест милиони примероци во 1983 година и на Американската топ-листа за албуми подобро котирал само албумот Thriller од Мајкл Џексон.[23] Огромниот успех на албумот го промовирал поп-метал движењето од 1980-тите.[24] Во 2004 година, Pyromania бил сертифициран со дијаманстски сертификат (продадени над 10 милиони примероци во САД);[25] Со тоа што нивните музички спотови биле често емитувани на MTV, Ролинг Стоун ги вметнал меѓу музичарите од Втората британска инвазија.[26] Албумот Pyromania не бил толку успешен во нивната родна Велика Британија (каде што стигнал до 18-то место на топ-листата за албуми) и на другите музички пазари низ светот.

Сообраќајна несреќа на Рик Ален и албумот Hysteria (1984)

Попладнето на 31 декември 1984 година, тапанарот Рик Ален доживел сообраќајна несреќа.[27][28] Додека се обидувал да претекне друг автомобил со голема брзина, изгубил контрола над своето возило удрил во сувоѕид и влегол во поле; му била отсечена левата рака. Докторите на почетокот повторно ја прикачиле раката, но подоцна била ампутирана поради инфекција.[29][30]

Thumb
Тапанарот Рик Ален откако ја загубил левата рака во сообраќајна несреќа (сликан во 2018 година) ги користел стапалата за да тропа на прилагоден електронски комплет за тапани.

И покрај сериозноста на несреќата, Рик Ален инсистирал да продолжи како тапанар на Деф Лепард. Набргу потоа, Ален дознал дека може да ги користи своите нозе за да изврши дел од тропањето на тапаните што претходно го правел со рацете.[31] Компанијата за електронски тапани, Simmons, дизајнирала прилагоден електронски комплет за тапани.[32] Останатите членови од групата го поддржале Ален во закрепнувањето и не барале замена.

По повеќе од три години снимање, четвртиот албум на Деф Лепард, Hysteria, бил објавен на 3. август 1987 година. За разлика од нивните претходни изданија, овој албум бил повеќе ориентиран кон поп-музиката. Hysteria се искачил на врвот на топ-листата за албуми во Велика Британија во првата недела од објавувањето и поминал 105 недели на топ-листата.[33] Првичната продажба на албумот во САД се одвивала релативно бавно (во споредба со Pyromania), но по објавувањето на четвртиот сингл од албумот, „Pour Some Sugar on Me“, Hysteria конечно се искачила на врвот на американскиот Билборд 200 во јули 1988 година.[34] Иако „Pour Some Sugar On Me“ на почетокот не била голем хит во другите земји (18-то место во ОК, 22-ро во Канада и 26-то во Австралија), таа се смета за најпозната песна на групата и била рангирана на второ место на списокот од „100 најголеми хитови од 80-тите“ според VH1 во 2006 година.[35] Hysteria исто така се искачил на врвот на топ-листите за албуми во Канада, Австралија, Нов Зеланд и Норвешка и бил на 10-то место во Германија. Албумот бил продаден во преку 30 милиони примероци, со што е меѓу најпродаваните албуми на сите времиња и најпродаван глам-рок албум до денес.[36]

Во 1988 година биле номинирани за најдобра британска група на Британските музички награди. Биле повторно номинирани за најдобра британска група во 1989 година, а групата ја извела „Pour Some Sugar on Me“ на церемонијата.[37][38] На Американските музички награди во 1989 година, Деф Лепард ја освоиле наградата „Омилен хеви метал/хард-рок изведувач“, како и „Омилен хеви-метал/хард-рок албум“ (за Hysteria).[39]

Подоцнежни години (1990-денес)

Гитаристот Стив Кларк починал како резултат од прекумерна употреба на алкохол на 8  јануари 1991 година, а групата одлучила петтиот албум да го снима како како квартет. Албумот Adrenalizeбил објавен на 31 март 1992 година и веднаш се искачил на прво место на топ-листите за албуми во Обединетото Кралство, САД, Канада и Австралија и стигнал до 8-мо место во Германија.[34][40] Содржел неколку хитови, вклучувајќи го и „Let's Get Rocked“, кој станал нивен најголем хит во неколку земји, вклучувајќи го и второто место во Обединетото Кралство. Групата ја извела песната на МТV музичките видеонагради во 1992 година каде што биле номинирани за видео на годината.[41]

Thumb
Гитаристот Вивијан Кембел во 2003 година. Се приклучил на Деф Лепард во 1992 година.

Во октомври 1993 година била објавена колекција од Б-страни и необјавени песни снимени помеѓу 1984 и 1993 година, под наслов Retro Active, кому му претходел успехот на акустичната балада „Two Steps Behind“ (од филмот со Арнолд Шварценегер, Последниот акционен херој).[42] Во 1995 година, Деф Лепард ја издале нивната прва колекција со најголеми хитови, Vault: Def Leppard Greatest Hits (1980–1995).[33][43] Компилацијата содржела и нова песна, баладата „When Love & Hate Collide“, која станала нивен најголем хит во ОК досега, стигнувајќи до второ место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство,[44] додека, исто така, стигнала до 6-то место во Канада и била нивен последен голем хит сингл во двете земји.

На 23 октомври 1995 година, групата влегла во Гинисовата книга на рекорди изведувајќи три концерти на три континенти во еден ден (Тангер во Мароко; Шефилд во Англија и Ванкувер во Канада).[45] По албумот Сленг, издаден во мај 1996 година, до 2008 година групата објавила уште пет албуми, при што повеќето обично стигнувале до топ-15 во неколку земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, САД и Канада.

Нивниот истоимен албум, објавен во 2015 година, стигнал до топ-10 во неколку земји. Најновиот студиски албум, Diamond Star Halos, бил издаден во мај 2022 година и стигнал до топ-10 во САД, Обединетото Кралство и Австралија, а набрзо станал највисоко оценет и најпродаван албум на групата од Adrenalize во 1992 година.

Во 2019 година биле примени во Куќата на славните на рокенролот.[46]

Thumb
Деф Лепард изведува акустичен сет во Розмонт, 2012 година
Remove ads

Членови на групата

Remove ads

Дискографија

Студиски албуми

  • On Through the Night (1980)
  • High 'n' Dry (1981)
  • Пироманија (1983)
  • Хистерија (1987)
  • Adrenalize (1992)
  • Сленг (1996)
  • Еуфорија (1999)
  • X (2002)
  • Да! (2006)
  • Песни од Sparkle Lounge (2008)
  • Деф Лепард (2015)
  • Орели на дијамантски ѕвезди (2022)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads