GU Риби b

From Wikipedia, the free encyclopedia

GU Риби b
Remove ads

GU Риби b (GU Psc b)[2] — непосредно снимена масивна планета придружник на ѕвездата GU Риби, со необично голема орбита од 2000 ае (3×1011 км) , и привидно аголно растојание од 42 лачни секунди.[3][4] Планетата е со метоположба со ректасцензија од 01ч 12м &1000000000000364800000036,48с и деклинација од +17° 04 &1000000000000031800000031,8 на растојание од 48 пс[convert: unknown unit].[1]

Кратки факти Откривање, Откривач ...
Remove ads

Особености

Орбиталниот период околу сопствената ѕвезда (која е 1/3 од масата на Сонцето) или времето потребно за да направи една „година“, ќе изнесува приближно 163.000 години.[заб 1] Станува збор за гасовита планета[5] во соѕвездието риби, на растојание од 155 светлосни години од нашиот Сончев Систем, и се проценува дека има маса од меѓу 9 и 13 Јупитерови маси,[6] и температура на површината од 1000 келвини[7]

Станува збор за релативно млад ѕвезден систем дел од подвижното јато AB Златна Рипка, околу 30 млади ѕвезди кои потекнуваат од истиот молекуларен облак со старост од 100 милиони години, и е единствената најдена планета од овој вид од испитуваните 90 ѕвезди.

Remove ads

Откривање

Планетата ја открила меѓународна екипа на астрономи предводени од Мари Ев-Нод од универзитетот на Монтреал во Квебек, преку заемно набљудување од телескопите на опсерваторијата „Џемини“, ОММ, CFHT и опсерваторијата Кек .[8] Огромното растојание на планетата овозможи да се искористи збир од техники како инфрацрвено набљудуваље и набљудуваља во видливата светлина за полесно да се забележи, техника која научниците се надеваат да ја искористат и за откривање на планети кои се поблиску до сопствените ѕвезди со помош на GPI во Чиле.

Близу инфрацрвената спектроскопска анализа за планетата беше направена со помош на спектрографот GNIRS монтиран на телескопот „Северен Џемини“, со што се покажа дека на површината на планетата има мала активност со што се потврдува староста на планетата. Исто така беше забележано слабо впивање на метанот во H и K спектралните ширини што пак означува дека станува збор за планета ос спектрална класа T3.5.

Remove ads

Белешки

  1. Постои грешка во печатот Архивирано на 21 мај 2014 г., која беше повторена од многу информативни средства. Со употреба на третиот Кеплеров закон и со претпоставка дека станува збор за кружна орбита околу ѕвезда со маса 0.3 пати од масата на Сонцето, точната претпоставка за периодот на оваа планета е ~163.000 години, а не 80.000 години.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads