Good Enough (Evanescence)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Good Enough“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е во 2007 како четврт сингл од нивниот втор студиски албум, The Open Door. Била напишана од Ејми Ли за нејзиниот долгогодишен пријател и сопруг Џош Хартзлер.
Remove ads
Издавање
Сибглот требало да биде издаден во Германија во базичен и премиум формат, а исто така требало да биде издаден дигитално во Австралија, но датумот на издавање никогаш не бил официјално изјавен.
Заднина
Инструменти во оваа песна се пијано и виолина, што е различно од нивниот рок звук со гитари. Песната по звукот е многу слична со песните „My Immortal“ и „Hello“.
Заедно со „Lacrymosa“, Ејми Ли кажала дека „Good Enough“ е земена од дел од музиката напишана за филмот Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот, но не била употребена во филмот, бидејќи била „многу мрачна“."[1] Но продуцентите на филмот кажале дека никогаш не било испланирано Ли да пишува музика за филмот.[2]
Во интервју за VH1, Ли рекла,
„ | Јас поминав низ многу тешки работи додека го пишував целиот албум и на крајот се оддалечив од тие ситуации. Тоа е навистина тешко. Морате да бидете храбри и силни. Откако го направив тоа, се почувствував чудесно. За првпат почувствував дека можам да напишам песна за тоа колку добро се чувствувам. Никогаш досега го немав направено тоа.[3] | “ |
Ли кажала дека нејзиниот долгогодишен пријател и маж, Џош Хартзлер, бил инспирација за песната исто како и за еден од претходните синглови на бендот „Bring Me to Life“. Во ЦД-то на албумот The Open Door, Ли вели,
„ | Џош, ти си мојата муза. Ништо не ме инспирира како тебе. Ти благодарам што ги дополни сите мои недостатоци. Ти благодарам за твојата силa и љубов. Ти благодарам што ми дозволи да се видам преку твоите очи, бидејќи само тогаш знам дека сум доволно добра за тебе. | “ |
Remove ads
Музичко видео

Музичкото видео за песната е режирано од Марк Веб, во Будимпешта, Унгарија, помеѓу 11 и 14 јуни 2007 година.[4][5] На 30, 2007, незавршена верзија на музичкото видео е ставена на Интернет и ги вклучува и специјалните ефекти. Ејми Ли се појавила на емисијата на MTV, TRL на 10 септември 2007, за да направи премиера на видеото.[6]
Во музичкото видео е прикажана само Ејми Ли, која се наоѓа во магазин и закопува фотографија во дупка на подот од даски. Откако ќе замине, дупката пополека се покрива со нови даски. Додека оди до нејзината работна маса за да запише нешто во својот дневник, подот и другите предмети кои ја обиколуваат почнуваат да се топат. Кога таа ќе започне да свири на пијано сите работи кои се наоѓаат во собата ќе се запалат и ќе горат, сè додека не почне да врне дожд и го гаси огнот. Собата ќе биде сета изгорена. Но кога сонцето ќе почне да свети преку прозорците на магазинот, малечко растение ќе порасне од подот и ќе почне да се шири низ целата соба, а сини цветови ќе почнат да растат од пијаното.
Список на песни
Базичен Сингл[7]
Премиум Сингл[8]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads