IEEE

From Wikipedia, the free encyclopedia

IEEE
Remove ads

Институт на инженерите по електротехника и електроника (англиски: Institute of Electrical and Electronics Engineers) — непрофитно здружение посветено на технолошкиот развој и унапредувањето на технолошките иновации поврзани со електронските уреди.[2] Бројот на членови надминува 400.000 во околу 175 земји.[3] Седиштето на организацијата се наоѓа во Њујорк, САД.[4] IEEE е основан со спојување на Американскиот институт за електроинженери и Институтот на радиоинженерите[5] во 1963 година.

Кратки факти Кратенка, Вид ...
Remove ads

Поради неговото проширување во толку многу сродни полиња, организацијата повеќе не го користи своето целосно име со зборови, освен како правен идентификатор; во нормална употреба секогаш се означува со иницијалите IEEE (се изговара Ај-трипл-И). Според податоците од 2018 година, тоа е најголемото светско здружение на технички професионалци[6] со повеќе од 423.000 членови во над 160 земји во светот.[7] Негови цели се образовно и техничко подобрување на електротехниката и електрониката, телекомуникациите, компјутерското инженерство и други слични дисциплини.[4][8]

Remove ads

Историја

Здружението е основано на 1 јануари 1963 година во Њујорк со спојување на Институтот за радиоинженерство (IRE) и Американскиот институт за електроинженерство (AIEE) .[9] Пред спојувањето, интересите на AIEE биле во жичните комуникациии (телеграф, телефон) и електроенергетските системи, додека IRE се занимавало со радиотехнологијата, т.е. безжичните комуникации. По Втората светска војна конкуренцијата меѓу компаниите значително пораснала, па нивните раководства решиле да се спојат во 1963 година.

Значајни претседатели и на основачки здруженија на IEEE:

  • Елиху Томсон (AIEE, 1889-1890)
  • Александар Грејам Бел (AIEE, 1891-1892)
  • Чарлс Протеус Штајнмец (AIEE, 1901-1902)
  • Михајло Пупин (АИЕЕ, 1925-1926)
  • Ли Де Форест (IRE, 1930)
  • Фредерик Е. Терман (IRE, 1941)
  • Вилијам Р. Хјулит (IRE, 1954)
  • Ернст Вебер (IRE, 1959; IEEE, 1963)
  • Иван Гетинг (IEEE, 1978)
Remove ads

Преглед

Составот на IEEE ги формулира целите на организацијата како „научни и образовни, насочени кон унапредување на полињата на теоријата и практиката во електротехниката, електрониката, комуникациите и компјутерските технологии, како и во науката и технологијата на сродни индустрии и сродни дисциплини“.[10][11] IEEE е лидер во развојот на индустриски стандарди (одговорен за над 900 постоечки индустриски стандарди) во широк опсег на дисциплини, вклучувајќи електрична енергија, медицинска технологија, здравство, информатичка технологија, телекомуникации, потрошувачка електроника, транспорт и нанотехнологија.[12] Спонзорира повеќе од 300 технички конференции секоја година. IEEE има двојна структура - регионална и техничка, со организациски единици засновани на географска локација (на пример, IEEE Секција Филаделфија, IEEE Секција Јужна Африка) и технички фокус (IEEE Компјутерски науки). IEEE се состои од 38 здруженија со повеќе од 300 локални организации кои редовно се состануваат. Асоцијацијата за стандарди IEEE (IEEE-SA) е одговорна за стандардизациските активности на IEEE.

Процесот на стандардизација се спроведува во 7 чекори (обично се потребни 18 месеци за успешно завршување):

  • обезбедување спонзори
  • барање за овластување на проектот
  • составување на работната група
  • предлог на стандардот
  • гласање
  • проценка на комисијата
  • конечен избор
Remove ads

Стандарди и процес на развој на стандарди IEEE

IEEE е водечка организација за развој на стандарди. Развива и одржува стандарди преку IEEE Standards Association (IEEE-SA). До 2005 година, IEEE објавило 900 постоечки стандарди, со уште 500 во развој. Една од најважните групи стандарди е IEEE 802 LAN / WAN, која вклучува IEEE 802.3 ethernet и IEEE 802.11 стандарди за безжични мрежи (WiFi).

Споменатите 7 чекори на стандардизација:

  1. Обезбедување спонзори: Организација одобрена од IEEE е одговорна за координирање и надзор на развојот на стандардот од почеток до крај. Стручните друштва во рамките на IEEE служат како природен спонзор за многу стандарди.
  2. Барање за овластување на проектот: За да се добие овластување за стандард, мора да се побара одборот за стандарди IEEE-SA. Комитетот за нови стандарди (NesCom) од Одборот за стандарди IEEE-SA го оценува барањето за одобрување на проектот англиски: proces authorisation request - PAR).
  3. Составување на работна група: По одобрувањето на барањето, се составува работна група за изработка на стандарди. IEEE-SA гарантира дека сите состаноци на работната група се јавни и дека секој член на работната група има право да учествува и да придонесува во проектот.
  4. Предлог стандард: Работната група подготвува нацрт на предложениот стандард.
  5. Гласање: По завршувањето на нацртот, истиот се доставува на одобрување со тајно гласање. За да се одобри нацртот потребни се ¾ од гласовите, односно 75%, во спротивно се враќа на претходниот чекор.
  6. Проценка на комисијата: Доколку проектот е изгласан од 75%, тој се испраќа до Комитетот за преглед на одборот за стандарди на IEEE-SA (RevCom), кој го одобрува предлог-проектот.
  7. Конечен избор: Проектот конечно се испраќа до комитетот за стандардизација, кој во повеќето случаи го одобрува.

Значајни стандарди

  • IEEE 488 - Дигитален интерфејс со програмабилни инструменти
  • IEEE 610 - Стандарден речник за софтверско инженерство
  • IEEE 754 - броеви со подвижна запирка
  • IEEE 802 — LAN / MAN
  • IEEE 830 — Спецификации за барања за софтвер
  • IEEE 896 — футуребус
  • IEEE 1003 - посикс
  • IEEE 1076 - VHDL
  • IEEE 1180 - Дискретна косинусова трансформација
  • IEEE 1275 - Open Firmwar
  • IEEE 1284 - Паралелна порта
  • IEEE P1363 - Асиметрична криптографија
  • IEEE 1541 - јобибит
  • IEEE 12207 — информатичка технологија
Remove ads

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads