Lithium (Evanescence)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Lithium (Evanescence)
Remove ads

Lithium“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 8 јануари 2007 како втор сингл од нивниот втор студиски албум, The Open Door. Песната е напишана од Ејми Ли и нема никакава врска со истоимената песна од бендот Nirvana. Неколку обожаватели помислиле дека тие ја препеале истоимената песна од Nirvana пред нејзиното издавање.

Кратки факти Сингл од Evanescence, од албумот The Open Door ...
Remove ads

Заднина

Ејми ја опишала песната како песна која „ги прегрнува чувствата преку парализирање“. Песната ја напишала инспирирана од врската со нејзиното бившо момче Шон Морган, член на групата Seether. За време на интервју, Ејми изјавила,

Го напишав рефренот на песната кога имав 16 години. Секогаш мислев дека е убав рефрен, но никогаш не го употребував за ништо. Почнав да ја свирам на пијано и нотите произлегоа сами. На некој начин ова е стара песна, но тоа не е така. Таа порасна.[1]
Remove ads

Музичко видео

Музичкото видео за песната е режирано од Паул Федор помеѓу 31 октомври и 1 ноември во 2006 година. Во спотот се појавуваат Ејми Ли и другите членови на бендот кои се наоѓаат во снежна шума и во него е прикажана Ејми како ги покажува чувствата на среќа и тага. На крајот од спотот таа ќе потоне во црна течност. Сцените кои се одвиваат под водата се слични на оние во спотот за песната „Going Under“ со исклучок на медузите.

Во интервју за MTV News, Ејми Ли рекла,

Таму сум јас целата облечена во бело и навистина е зима, а потоа таму сум и другата јас целата облечена во црно покрај езерото во шумата. Што занчи дека е за тагата и среќата што речиси си ги пееме една на друга, пробувајќи да сфатиме дека како и двете можеме да работиме.[2]

Музичкото видео е премиерно покажано на канадската публика на MuchMusic.com на 24 ноември 2006 година, а подоцна се нашол и на страниците како YouTube и Myspace. Потоа е тргната од MuchMusic.com, и била подоцна издадена на 4 декември. Издавачката куќа на бендот, Wind-up Records го ставила музичкото видео за песната на официјалната страница на бендот на 27 ноември.[3] Песната е овозможена за дигитално спуштање на iTunes на 19 декември. Ејми Ли гостувала на TRL на 24 декември, за да го промовира видеото на MTV.

Remove ads

Список на песни

Сингл (Дел 1)

Повеќе информации Бр., Наслов ...

Макси (Дел 2)

Повеќе информации Бр., Наслов ...

7" Винил Диск

Повеќе информации Бр., Наслов ...

Табели

Повеќе информации Табела (2006/2007), Највисока позиција ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads