Muse

англиска рок-група From Wikipedia, the free encyclopedia

Muse
Remove ads

Muse (транскрипција: Мјуз) ― англиска рок-група основана во Тинмут во 1994 година. Групата е составена од Мет Белами (пејач, гитара, клавијатури), Крис Волстенхолм (бас-гитара, придружен вокал) и Доминик Хауард (тапани, ударачки инструменти). Познати по уникатната комбинација на алтернативен рок, прогресивен рок, електроника и симфониски елементи, Muse станале една од највлијателните и најуспешни групи во 21 век.

Кратки факти Животописни податоци, Потекло ...

Muse освоиле многу награди, вклучувајќи две Греми награди, две Британски музички награди, пет MTV Europe награди и осум NME награди. Во 2012 година добиле Ајвор Новело награда за меѓународно достигнување од Британската академија на текстописци, композитори и автори. До октомври 2022 година продале преку 30 милиони албуми.[1]

Remove ads

Историја на групата

Почетоци (1994–1997)

Muse била основана во 1994 година во Тинмут, мал град во југозападниот дел од Англија. Гитаристот Мет Белами се пријавил на аудиција за основање на група организирана од тапанарот Доминик Хауард. Откако Крис Волстенхолм се приклучил како басист групата усвоила гот-глам имиџ. Групата била основана под името "Rocket Baby Dolls", а во 1994 година го промениле името во Muse. Во првите години групата настапувала по мали месни клубови каде што се здобила со популарност поради нивните енергични настапи во живо.

Први албуми и меѓународна популарност (1998–2005)

Thumb
Логото на Muse, кое се користело претежно по објавувањето на мини-албумот <i id="mwbQ">Muse</i> во 1998 година

На 11 мај 1998 година, групата го издала нивниот прв мини-албум <i id="mweA">Muse</i>, кој содржел четири песни..[2] Нивниот втор мини-албум, Muscle Museum EP, бил објавен на 11 јануари 1999 година. Овие изданија го привлекле вниманието на неколку музички издавачки куќи, а особено ги заинтригирале Maverick Records, кои им понудиле договор.[3][4]

Во 1999 година, Muse го издавале нивниот прв албум Showbiz, кој ги содржел сингловите "Sunburn", "Muscle Museum" и "Unintended". Албумот ги промовирал на меѓународната сцена и групата почнала да привлекува публика надвор од Обединетото Кралство. [5]

Thumb
Muse на фестивалот Роскилде во Данска, јули 2000 година

За време на продукцијата на нивниот втор албум, Origin of Symmetry (2001), Muse експериментирале со инструменти како: црковни оргули, мелотрон, животински коски и проширен комплет за тапани. Содржел повеќе фалсет од Белами, гитара со арпеџо и свирење на пијано. Белами за гитарата навел дека бил инспириран од Џими Хендрикс и Том Морело (од Rage Against the Machine). Албумот содржел преработка на „Feeling Good“ од Ентони Њули и Лесли Брикус,[6] која на многу анкети била изгласана за една од најдобрите преработки на сите времиња.[7][8][9]

Origin of Symmetry добил позитивни критики. NME му дал 9/10 и напишал: „Неверојатно е толку млада група да остави наследство кое ги вклучува помрачните визии на Кобејн и Кафка, Малер и the Tiger Lillies, Кроненберг и Шенберг и да направи секси, популистички албум.[10] Маверик, американската издавачка куќа на Muse, сметала дека гласот на Белами не бил „радио-пријателски“ и побарала од Muse повторно да ја снимат песната „Plug in Baby“ за издавање во САД.[11] Muse го одбиле барањето и ја напуштиле Maverick Records. Origin of Symmetry не бил објавен во САД до септември 2005 година, откако Muse потпишала со Warner Bros.[12] [11]

Origin of Symmetry се појавил на листите на најдобри рок-албуми од 2000-тите. Во 2006 година, се нашол на 74-то место на листата од 100-те најдобри албуми на сите времиња според списанието Q,[13] а во февруари 2008 година, по анкета на читателите на списанието албумот се нашол на 28-мо место на листата на најдобри британски албуми на сите времиња. Kerrang! го сместил албумот на 20-то место на списокот од „100 најдобри британски рок-албуми досега!“ и на 13-то место на списокот од 50 најдобри албуми од 21-от век.[14]

Во 2002 година, Muse ѝ се заканиле на Селин Дион со правна постапка затоа што планирала да го именува нејзините концерти во Лас Вегас како „Muse“. Muse ја одбиле понудата од Дион од 50 000 долари за правата, бидејќи се плашеле дека тоа може да им наштети при пробивот на американскиот пазар. Белами рекол: „Не сакаме да се појавиме таму пред публика која ќе мисли дека сме придружна група на Селин Дион“.[15]

Третиот албум на Muse, Absolution, бил издаден на 15 септември 2003 година. Дебитирал на прво место во Обединетото Кралство.[16] Албумот ги вклучувал хитовите: "Time Is Running Out", "Hysteria" и "Butterflies and Hurricanes". По објавувањето на албумот, Muse започнале со интензивни турнеи и настапи на големи фестивали. Биле на едногодишна меѓународна турнеја за поддршка на албумот; ги посетиле: Австралија, Нов Зеланд, САД, Канада и Франција. Во јуни 2004 година настапиле на Гластонбери.[17][18]

Muse освоиле две награди на MTV Europe, меѓу кои и „Најдобар алтернативен изведувач“ и Q Award за „Најдобар изведувач во живо“.[19] [20] Добиле награда за „Најдобар британски изведувач во живо“ на Британските музички награди.[20] Во 2003 година, групата го добила спорот по тужебата на Нестле за користење на нивната преработка на песната „Feeling Good“ за реклама за Нескафе без нивна дозвола и парите од добиениот спор ги донирала на хуманитарната организација Оксфам.[21] Неофицијална ДВД биографија, Manic Depression, била објавена во април 2005 година.[22]

Одржување на популарноста и креативен напредок (2006-2016)

Thumb
Muse на фестивалот во Ридинг и Лидс на 28 август 2006 година

Во 2006 година, Muse го издале нивниот четврти албум, Black Holes and Revelations. Насловот и тематиката на албумот го одразуваат интересот на групата за научна фантастика.[23][24] Албумот се искачил на прво место во Обединетото Кралство, голем дел од Европа и во Австралија.[25][26][27] Во САД стигнал до деветто место на Билборд 200.[25]

Black Holes and Revelations бил номиниран за музичката награда Меркјури во 2006 година, но загубил од Arctic Monkeys.[28] Ја добил наградата Европска платина откако бил продаден во еден милион примероци во Европа.[29] Од албумот биле објавени сингловите: „Supermassive Black Hole", "Starlight", "Knights of Cydonia", "Invincible " и "Map of the Problematique“.[30]

На доделувањето на Британските музички награди во 2007 година, Muse ја добиле нивната втора награда за најдобар британски изведувач во живо.[31] Тие станале прв изведувач кој го распродај новоизградениот стадион Вембли, откако таму имале два концерта во јуни 2007 година.[32] И двата концерта биле снимени за ДВД/ЦД, HAARP, издаден на почетокот од 2008 година.[33] Во 2018 година, NME го прогласил HAARP за 40-ти најдобар албум во живо на сите времиња.[34]

Албумот The Resistance бил издаден во септември 2009 година.[35] Албумот бил инспириран од книгата „1984“ од Џорџ Орвел и од политички теми и до денес е најуспешен албум на Muse. Се нашол на врвот на топ-листите на албуми во 19 земји, станал трет албум од групата на прво место во Обединетото Кралство [36] и стигнал до трето место на Билборд 200.[37] Водечкиот сингл „Uprising" станал нивен најуспешен сингл. Албумот добил Греми награда за „Најдобар рок албум“ во 2011 година.[38]

Thumb
Белами настапува во Оракл Арена, Оукленд, Калифорнија, на 11 декември 2009 година

На 6 јуни 2012 година, Muse објавиле трејлер за нивниот следен албум, The 2nd Law. Првиот сингл од албумот, „Survival“, бил официјална песна за Летните олимписки игри во Лондон 2012 година,[39] а Muse ја извеле на церемонијата на затворање на Олимпијадата.[40]

Вториот сингл, „Madness", бил објавен на 20 август 2012 година. Албумот The 2nd Law бил објавен на 1 октомври 2012 година; се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото кралство и на второ место на американскиот Билборд 200.[41][42] На Греми наградите во 2013 година, песната „Madness“ била номинирана за Најдобра рок песна, а албумот бил номиниран за најдобар рок албум.[43][44] Албумот е наведен на 46-то место на листата од Rolling Stone од „50 најдобри албуми за 2012 година“.[45]

Thumb
Muse на сцената на О<sub id="mwAmo">2</sub> Арена во Лондон во април 2016 година

Албумот Drones, издаден во 2015 година,[46] се смета за концептуален проект, кој тематски ја истражува технологијата, контролата и политичката репресија.[47] Музички, со песните како: "Dead Inside", "Psycho" и "Reapers", Muse се вратиле на поагресивниот рок-звук.[48][49][50] Албумот добил Греми награда за „Најдобар рок албум“, втор пат во нивната кариера.[51]

Подоцнежни албуми и реизданија (2017-2021)

Thumb
Muse на настап во Сиднеј, Австралија во декември 2017 година

Muse станале познати по нивните спектакуларни сценски настапи и напредна сценографија. Одржувале концерти низ целиот свет, вклучувајќи ги и најголемите арени и стадиони. Концертното видео, Muse: Drones World Tour, било објавено во кината ширум светот на 12 јули 2018 година.[52]

На 9 ноември 2018 година,[53] Muse го објавиле нивниот осми студиски албум, Simulation Theory, со кој продолжиле да експирементираат преку синтисајзери, електронска музика и футуристички тематика. Овој албум бил инспириран од поп-културата на 1980-тите години.[54] Светската турнеја за промоција на албумот започнала во Хјустон на 3 февруари 2019 година и завршила на 15 октомври во Лима.[55][56] Филмот заснован на албумот и турнејата, Muse – Simulation Theory, во кој имало инсерти од концертите и наративни сцени, бил објавен во август 2020 година.[57]

Thumb
Muse настапуваат во Милтон Кејнс, Англија, во јуни 2023 година

На 13 јануари 2022 година, Muse го објавиле синглот „Won't Stand Down“, кој означил враќање кон нивниот потежок звук од нивните почетоци.[58][59] На 26 август 2022 година, Muse го објавиле нивниот деветти албум, Will of the People. Од албумот ги објавиле сингловите: „Compliance“, „Will of the People“, „Kill or Be Killed“ и „You Make Me Feel Like It's Halloween“.[60][61]

На 17 ноември 2023 година, Muse објавиле реиздание на Absolution за 20-годишнината од нивното основање, со бонус песни, снимки во живо и демо-снимки.[62] Muse се појавиле на албумот Telos од 2024 година на електронскиот продуцент Зед, на песната „1685“.[63]

Remove ads

Членови на групата

Официјални членови

  • Мет Белами – пејач, гитари, клавијатури
  • Доминик Хауард – тапани, удирачки инструменти
  • Крис Волстенхолм – бас, придружнен вокал

Дискографија

  • Showbiz (1999)
  • Origin of Symmetry (2001)
  • Absolution (2003)
  • Black Holes and Revelations (2006)
  • The Resistance (2009)
  • The 2nd Law (2012)
  • Drones (2015)
  • Simulation Theory (2018)
  • Will of the People (2022)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads