My Beautiful Dark Twisted Fantasy
албум од Кање Вест From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
My Beautiful Dark Twisted Fantasy е петтиот студиски албум од американскиот хип-хоп артист, продуцент и текстописец Кање Вест, издаден на 22 ноември 2010 година од страна на продукциската куќа Рок-А-Фела Рекордс. Снимачките сесии за албумот заземале место привремено во „Avex Recording Studio“ во Хонолулу, Хаваи од 2009 до 2010 година. Продукцијата на албумот била во рацете на Вест и други продуценти, како што се Џеф Баскер, RZA, No I.D., и Mike Dean, и други. По кратка пауза во својата музичка кариера, Вест работи на албумот преку комунален развој во кои се вклучени самиот тој и разни други музичари и продуценти кои придонесуваат колективно својата музика. Забележано од страна на музичките автори за своите различни елементи,My beautiful Dark Twisted Fantasy содржи музички компоненти од претходните дела на Вест и карактеристични теми во врска со вишокот на пари и славата.
Албумот дебитираше на првото место на американската Билборд 200 табела, продавајќи над 495,000 копии во првата недела од издавањето во САД. Албумот постигна респектабилни места на табелите ширум светот и издавајќи четири синглови кои имаа прилично добар успех на табелите, вклучувајќи ги американските Билборд хитови „Power“, „Monster“, „Runaway“, и „All of the Lights“. По неговото издавање,доби My beautiful Dark Twisted Fantasy доби различни признанија од страна на музичките критичари, заработувајќи пофалби за своите различни музички стилови, богатиот квалитетот на производството, и дихотомните теми на Вест. Албумнот исто така беше прогласен за најдобар албум за 2010 година во безброј критики и гласања. Албумот доби сертификација платина од страна на Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка и, од октомври 2011, продаде над 1,210,000 копии ширум САД.
Remove ads
Создавање
Во 2010 година, Дрејк изјави дека работи на проектот кој,[1] според Вест ќе биде „еден од најдобрите хип-хоп албуми во последните 10 години.“ Веднаш по ова, тој рече дека овој албум ќе биде продуциран од страна на познатите рапери Q-Tip, RZA, DJ Premier и Pete Rock.[2][3].
Па, најпрвин, ако погледнете назад во творештвото на Кање Вест, тој всушност направи многу за да го врати семплувањето правејќи го повторно кул, иако тој е повеќе мејнстрим артист...но неговиот албум е составен од доста тежок бит и рима. Тој целосно е направен од електронска музика. Ќе бидете изненадени од тоа што ќе го слушнете.
—DJ Premier, [4]
Remove ads
Синглови
На 28 мај 2010 година низ интернетот се рашири незавршената верзија на синглот „Power“ (стилизирано „POWER“), изведена во соработка со Dwele[5]. На 30 јуни, тој официјално се појави на iTunes. Исто така беше најавен и ремиксот на оваа песна, изведен заедно со Џеј-Зи и Swizz Beatz[6]. Синглот „POWER“ за првпат се појави во јавноста преку радиото Hot 97 на 20 август во 12:00 часот.
Список на песни
Користени делови од други песни (семплови)
|
|
Remove ads
Табели и сертификации
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads