Risk

From Wikipedia, the free encyclopedia

Risk
Remove ads

Risk е осмиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth, издаден во 1999 г. Ова впрочем е и последниот албум на групата кој бил издаден под капата на Капитол Рекордс. Ова остварување значело и крај на соработката со долгогодишниот гитарист Марти Фридмен, кој поради несогласувања со Мастејн околу музичката насока по која би требало да се движи бендот ќе побара разделба.

Кратки факти Студиски албум од Megadeth, Издаден ...

Насловот е инспириран од една изјава на Ларс Улрих од Металика, кој вели дека Мегадет „мораат да ризикуваат со смена на нивниот стил ако сакаат да се пробијат на глобално ниво“, како во случајот со Металика. Оваа ненадејна промена за Мегадет беше меч со две острици. Иако добија слушаност на ТВ и радио станиците, загубија голем дел од верните обожаватели, кои биле длабоко разочарани од ова ЦД. И музичката јавност го протолкува овој пресврт во нивната кариера како фијаско и тотален неуспех. Во едно интервју, Мастејн ќе потенцира дека овој албум добро би поминал на музичкиот пазар доколку не го носел името Мегадет.[1][2]

Имено, од овој албум се објавени три синглови, сите поткрепени со видео записи. Првиот и носечки, „Crush 'Em“, се смета за спортска химна, во која се говори за борба во арената и мелење на противникот. Вториот синг, „Breadline“, ја раскажува приказната за сиромашен човек и нарко-зависник кој се бори за гола егзистенција. Оваа песна не е балада, но е исклучителна и многу трогателна со својата светла мелодија. „Insomnia“ е трета и последна објавена песна од оваа плоча, а нејзината тематика, како што говори и самиот наслов, се проблемите со спиење. Како што ќе открие и самиот Мастејн во една прилика, оваа песна на некој начин ги содржи неговите сопствени проблеми со несоница по долгите вечерни журки и забави.

Овој албум доживеал аудио ремикс во 2004 г. како дел од желбата на Мастејн за комплетна ревизија на целокупниот дотогашен музички каталог на Мегадет. Песните се со подобрена продукција и звучност, а како бонус се додадени три од постоечките синглови, но дигитално преработени од страна на различни диџеи.

Кратки факти Професионални оценки, Прегледни резултати ...
Remove ads

Список на песни

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн. Марти Фридмен се потпишува како соавтор на музиката во нумерите 2 до 9, додека Дејвид Елефсон е соавтор на текстот во траките 10 и 11.

Повеќе информации Бр., Наслов ...
Повеќе информации Јапонското издание со бонус нумери, Бр. ...
Повеќе информации Реизданието од 2004, Бр. ...
Повеќе информации Специјално издание („No Risk Disk“), Бр. ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads