Insomnia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Insomnia е песна од Мегадет, објавена како втор сингл од студискиот албум Risk. На ре-изданието од албумот направено во 2004 г. била поставена и ремиксуваната верзија од песнава, под продукција на Џеф Болдинг, која била со исто времетраење. Синглот се искачил на 26-тото место на американската топ список на рок нумери.
Видео спотот бил во режија на Лен Визман, а бил снимен во 1999 г. На филмскиот запис не се појавува никој од членовите на бендот, туку се прикажува една мачка како лови стаорец, слично како и омотот на синглот, додека во позадина оди песната.[1]
Remove ads
Коментари од бендот во врска со песната
Мислам дека ова е нешто на што луѓето нема да се надеваат. Добив инспирација од англиските техно бендови, но песната исто така е и доста тврда. Во песната се зборува за феноменот инсомнија, но истовремено таа е и на некој начин моја биографска песна, особено за мојот живот во 80-тите. Секој којшто се забавувал до доцните вечерни часови може да се пронајде во оваа композиција.
—Дејв Мастејн, 1999 г.[2]
Бев на едно предавање по психологија додека престојував во Нешвил, и бев изненаден кога дознав дека инсомнија не е појава кога не можеш да заспиеш, туку кога не можеш да имаш подолг сон. Тоа ме потсети на времето кога земав таблети за спиење, колку ми беше тешко да заспијам и колку ме болеа очите. Се чувствував празно, сум го сетил тоа на своја кожа што значи оти голем дел од песната е вистинит.
—Дејв Мастејн, 1999 г.[2]
Необичниот почеток на песната е всушност последниот дел кој го снимивме. Тоа воедно беа и последните ноти кои ги отсвирев за Мегадет. Оваа трака е во целост огледало на карактерот на Мастејн. Исто така бев импресиониран од новитетите и модерниот звук кој ги воведе продуцентот Ден Хаф.
—Марти Фридмен, 2002 г.[2]
Remove ads
Список на песни
- „Insomnia“ (радио верзија) – 4:16
- „Insomnia“ (студиска верзија) – 4:34
Музички персонал
Наводи
Надворешни врски
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads