SOS
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„SOS“ е денс-поп песна напишана од страна на Ј.Р. Ротем и Богарт за вториот албум на барбадоската пејачка Ријана насловен како „A Girl Like Me“ (2006). Песната содржи делови и сегменти од синглот на Soft Cell од 1981 наречен „Tainted Love“ кој е компониран од Ед Коб.
„SOS“ е реализирана како водечки сингл од албумот во 2006. Песната стигна до првото место во Австралија и Соединетите Американски Држави и се искачи до ТОП 5 на други музички маркети како Канада, Германија и Велика Британија.
Remove ads
Продукција и снимање
Песната е првенствено напишана од продуцентите Ј.Р. Ротем и Ивен Кид Богарт, син на Неил Богарт (пронаоѓач на „Casablanca Records“) Песната на почетокот и била понудена на Кристина Милан за нејзиниот трет албум „So Amazin“, но пејачката подоцна одбила и затоа Def Jam наместо на Милан и ја понудиле песната на Ријана.[1][2] Милан подоцна потврдила дека песната била премногу „поп“ за Р&Б пејач, а исто така негирала и дека била прашана за снимање на песната. Овие информации подоцна ги потврдила на својот форум.
Деловите „You got me tossin' and turnin'“ и „I can't sleep at night“ во рефренот се дел од песната на Ед Коб „Tainted Love“ од 1964, каде што текстот вели „And I've lost my light for I toss and turn - I can't sleep at night.“ Деловите како ѕвона во „SOS“ се дел од верзијата од 1981 на „Tainted Love“.
Главна тема на песната е заснована околу изведувачот на песната (Ријана) која што плаче за помош затоа што таа е изгубена без својот љубовник споменат во песната. Ремикси на песната се направени од страна на Џејсон Невинс, кој исто така има направено ремикси и за артисти како Мадона, Fall Out Boy, Good Charlotte, Кели Кларксон, LL Cool J и Пинк. Оваа песна била употребена и во филм наречен „True Confessions of a Hollywood Starlet“.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads