Барбадос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Барбадос (англиски: Barbados) — островска земја во Средна Америка. Барбадос е дел од карипската островската група Западни Инди и источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно се наоѓа Карипското Море. Најблиски соседи на Барбадос се земјите Света Луција и Свети Винсент и Гренадините на запад, додека јужно се наоѓа Тринидад и Тобаго. Вкупната површина на Барбадос изнесува 430 км2 каде живеат околу 284.589 жители. Главен град на земјата е Бриџтаун, а службен јазик е англискиот јазик.
Европската доминација врз островот започнала уште од 1492 година кога краток период бил по шпанска контрола, а подоцна и под португалска[3]. Подоцна, Брабадос станал колонија на Велика Британија, политичка состојба која траела сè до 1966 година кога Барбадос се стекнал со својата независност.
Remove ads
Потекло на поимот
Според староседелското население Араваци, старото име на островот е Ичироуганаим. Потеклото на денешното име е контроверзно. Шпанските[4] и португалските[5][6] морепловци биле меѓу првите Европејци кои дошле до островот и го именувале со ново име. Името на шпански значи „забраден“, но денес не е познато за што се однесува овој атрибут. Една теорија е дека тоа се однесува за локалната типична смоква, забраденото месно население или пак за крајбрежната пена која се создава поради брановите. Во 1519 година, картографот Висконте Маџоло го обележал Барбадос на точната денешна позиција.
Друго име кое се поврзува со островот Барбадос или луѓето кои живеат на Барбадос е „бим“, „бимшир“ или „де рок“. Потеклото на ова име не е познато, но се поврзува со тогашните робови донесени на Барбадос од страна на британската администрација.[7]
Remove ads
Историја
Географија и клима

Барбадос е најисточниот остров од Малите Антили. Барбадос претежно е рамен остров и највисока точка е врвот Хилаби со 340 метри надморска височина. Островот се наоѓа помеѓу во Средна Америка и источно од него е Атлантскиот Океан, додека западно од островот е Карипското Море. Вкупната површина на Барбадос е 431 километар квадратен каде живеат околу 284,589 жители.
Главен град на земјата е Бриџтаун, кој воедно е и најголем центар. Климата на островот е тропска со дождлив период од јуни до октомври. Вкупната километражана на брегот на Барбадос е 97 км. Како дел од природните ресурси, Барбадос располага со петролеум, риба и природен гас. Поради самата позиција во тропскиот појас, Барбадос често е жртва на урагани, кои создаваат поголеми или помали штети на месното население.
Политички систем

Барбадос е независна уставна монархија каде на чело на земјата стои кралот Чарлс III. Кралицата во Барбадос е претставена од страна на генералниот гувернер Клифорд Хазбандс. На чело на владата на Барбадос се наоѓа премиерот (моментално Фројндел Стјуарт). Законодавното тело во државата е наречено Национално Собрание на Барбадос и има капацитет од 30 пратенички места. Барбадос е всушност двопартиски систем т.е. во политичкиот живот најголеми и најдоминантни се само две партии.
Remove ads
Административна поделба

Барбадос е поделен на единаесет парохии:
|
|
Единствени парохии без излез на море се Сент Џорџ и Сент Томас.
Remove ads
Население, јазик и религија

Најголема религија во Барбадос е христијанството кое е застапено со 95% од вкупното население. Англиканската црква била официјална црква сè до независноста на државата[8].
- Христијани - 257,040
- Муслимани - 2,700
- Без Религија - 5,130
- Хиндуисти - 1.080
- Други - 3.780
Службен јазик во Барбадос е англискиот јазик кој се користи во комуникацискиот сектор, администрацијата и јавните сервиси низ островот. Поради статусот, властите и надлежните тежнеат да го користат стандардниот англиски јазик, поточно британскиот говор. Локална варијанта на англискиот јазик исто така се зборува кој пак е наречен баџан. Баџан се користи за секојдневна комуникација на населението.
Барбадос има население од 281.968 жители со прираст на населението од 0.33%. Околу 80% од населението е со африканско потекло. Остатокот од населението е со европско потекло, најчесто со британско и ирско.
Remove ads
Стопанство
Барбадос е педесет и прва најбогата држава во светот според БНП(Бруто-општествен производ) по глава на жител. Барбадос има развиена мешана економија и висок стандард на живеење. Според Светската Банка, Барбадос е рангирана помеѓу 66 најприходни економии во светот. Историски гледано, економијата на Барбадос се засновала на производство на шеќер, но по 1970-те и 1980-те години економијата се ориентирала кон производството. Во последно време, владата на Барбдос стимулира намалување на невработеноста и доведување на странски инвестиции.
Remove ads
Култура

Англиската култура е најдоминантна култура на островот и Барбадос држава со најдоминатно англиско влијание во Западните Антили. Како резултат на тоа, националниот спорт на Барбадос е крикетот. Официјално, населението на Барбадос е наречено Барбадоси, но често се нарекуваат и со локалното име баџани. Најголемиот културен настан на островот е карневалот, кој е важен сегмент од општеството и важна туристичка атракција. Поради силното британско влијание на островот, Барбадос е наречен и „Мала Англија“.
Remove ads
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads