Растителни оси
подред инсекти From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Растителните оси (науч. Symphyta ) — инсекти од подредот Symphyta во редот ципокрилци заедно со мравките, пчелите и осите. Заедничко им е тоа што женките поседуваат пила со која ги сечат растенијата каде што ги положуваат јајцата. Името се поврзува особено со Tenthredinoidea, далеку најголемото натсемејство во подредот, со околу 7.000 познати видови; во целиот подред, има 8.000 опишани видови во повеќе од 800 родови.

Возрасните единки живеат кратко, со животен век од 7-9 дена, иако фазата на ларва може да трае со месеци или години, во зависност од видот. Партеногенезата е вообичаена во подредот, односно не треба да се парат за да произведат оплодени јајца, се вообичаени во подредот, иако многу видови имаат мажјаци. Возрасните се хранат со полен, нектар, медлика, сок, други инсекти, вклучувајќи хемолимфа на домаќините на ларвите; тие имаат парчиња од устата прилагодени на овие видови на хранење. [2]
Remove ads
Распространетост
Видови на растителни оси може да се најдат низ речиси сите подрачја на светот, а најмногу се застапени во умерените области на палеарктичкиот и неоарктичкиот регион. Ги населуваат претежно повлажните станишта и шумски биотопи.
Во Македонија, во повисоките планински региони се среќаваат средноевропските видови на пиласти оси, а во пониските и јужните подрачја се среќаваат видовите што се карактеристични за западномедитеранските и источномедитеранските области.[3]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads