Telephone (песна)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Telephone (песна)
Remove ads

Telephone“ — песна на американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP-албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б-пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Вдахната од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Кратки факти од албумот The Fame Monster, Издаден ...

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни битови. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони копии во 2010 година.[2] Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011.

Музичкото видео е продолжени на видеото за песната од 2009, „Paparazzi“ и е снимено како краток филм. Откако е извадена од затвор со помош на Бијонсе, Гага и Ноулс одат да ги убијат гостите кои доручуваат во ресторан. По бегањето од оброкот, двете пејачки се бркани од полицијата. Видеото наведува на Квентин Тарантино и неговите филмови Убиј го Бил (2003) и Евтини приказни (1994). Повеќето од критичарите го пофалиле видеото, но некои ги критикувале насилството и темите во него. Во сеќавање на Александер Меккуин, Гага извела акустична верзија на „Telephone“ помешана со „Dance in the Dark“ на Британските Музички Награди од 2010 година. Исто така била вклучена на сет-списокот на The Monster Ball Турнејата во 2010.

Remove ads

Заднина

Лејди Гага оригинално ја напишала „Telephone“ со Родни Џеркинс за пејачката Бритни Спирс. Сепак, продукциската куќа на Спирс ја одбила и Гага ја снимила песната во соработка со Бијонсе Ноулс за The Fame Monster.[3] Гага изјавила, „Ја напишав пред долго време и таа не ја искористи за нејзиниот албум. Тоа е добро бидејќи ја сакам песната и сега јас ќе ја изведувам.“[4] Дополнително, гостинскиот вокал на песната требало да биде Спирс, но Гага ја повикала Ноулс наместо неа.[5][6] Главната инспирација зад песната е стравот на Гага од задушување бидејќи почувствувала дека ретко наоѓа време за забава. Подоцна разјаснила,

Страв од задушување—значи дека јас се плашам дека никогаш нема да одделам време за сопствена забава, ... 'Бидејќи многу ја сакам својата работа, ретко наоѓам време да излезам надвор и да поминам добро време. ... Не одам во ноќни клубови, ... Не гледате слики од мене како паѓам пијана во клубови. Не одам—и кога обично одам, знаете, пијам само виски и половина и потоа мора да се вратам на работа.[7]

Во мај 2011, Гага кажала дека нејзината „емоционална поврзаност“ со песната е тешка. Кога ја прашале зошто била напишана оригинално за Бритни Спирс, таа одговорила: „Па, не се случи баш така, но не сакам да навлегувам во тоа. Можам да навлезам во тоа ако ги исклучте (предлозите од снимачот)... Но процесот на завршувањето на продукцијата беше многу стресен за мене. Затоа кога велам дека тоа е мојата најлоша песна, нема врска со песната туку со мојата поврзаност со неа.“[8]

Remove ads

Композиција

„Telephone“ е напишана од Лејди Гага, Родни Џеркинс, Лашон Даниелс, Лазонет Френклин и Ноулс.[9] Иако песната е конструирана во вид на дует, Ноулс се појавува во стиховите на средината. Таа го пее текстот во крато интервал и потоа го пее рефренот за време на остатокот на песната.[10] Песната започнува со Гага која започнува да пее со свечен глас, придружена со мелодија од харфа, која потоа прераснува во удирачки ритам.[11] Всушност, Гага е во клуб, а нејзиното момче продолжува да ѝ ѕвони, но не може да му одговори бидејќи е пијана и танцува на нејзината омилена песна. Рефренот го содржи текстот: „Престани да се јавуваш, престани да се јавуваш, не сакам да зборувам повеќе.“ „Telephone“ содржи издолжен завршен дел рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен.[10] Според листот со музика објавен на Musicnotes.com преку Sony/ATV Music Publishing, песната е напишана во вообичаено време, со темпо од 122 удари во минута. Вокалите на Гага се движат од ниската нота F3 до високтата C5. Напишана е во Еф-мол скала и ја следи акордната прогресија Fm–A♭–B♭–Fm.[12]

Текстот на „Telephone“ ја прикажува поголемата љубов кон танцувачкиот под отколку јавувањето на некој друг човек од другата страна на телефонот. Стиховите се испеани во брзо темпо, придружени со дуплирани битови.[13] Според Гага, телефонот во песната не е физички телефон, туку е личност во нејзината глава која ѝ кажува дека треба да работи понапорно и понапорно. Гага објаснила, „Тоа е мојот страв—дека телефонот звони и мојата глава звони, ... Дали се работи за телефон или за мислите во мојата глава, тоа е друг страв.“[7]

Remove ads

Критички прием

Thumb
Лејди Гага ја изведува „Telephone“ на The Monster Ball Tour

Песната добила позитивни оценки од музичките критичари. Мајкл Хабард од MusicOMH рекол дека песната била „најверојатно најдоброто нешто тука [на The Fame Monster].“ Тој исто така го пофалил „брилијантниот завршен дел“ и крајот на песната во кој говорникот го добива поштенското сандаче.[10] Popjustice ѝ дал позитивен преглед на песната: „Изгледа малкуа како песната на Гвен, 'What You Waiting For?' која ја сретнува песната на Тимбаланд, 'The Way I Are' и уште педесет други работи ... Структурата е забавна ... има нешто брилијантно во придонесите на Бијонсе во песната што прави сè да изгледа како да била испланирана.“[5] Еван Савди од PopMatters рекол дека „многу-зборуваната соработка на Бијонсе во 'Telephone', со забрзаниот ритам и гласните битови е една од најадреналинските песни кои Гага ги има направено, целата работа изгледа како курс на [sic] другите песни поради поделбата на двете диви, кои лесно ја направија [„Telephone“] една од најдобрите песни на The Fame Monster“.[14]

Ејми Филипс од Pitchfork.com ја сместила „Telephone“ на 55 место на нејзиниот список на „Топ Песни од 2010“ велејќи дека изгледа како „најмалку чудната песна на The Fame Monster...“[15] Бил Лемб од About.com ја сместил меѓу најдобрите песни на албумот и рекол: „'Telephone', песната асистирана од Бијонсе е песна за во клуб и ќе го привлече вниманието на Р&Б и Хип Хоп обожавателите како и радиото.“[15] Во посебен преглед, тој ја споредил со ерата на песната „Just Dance“ и коментирал: „[Тоа е] Одделена песна поради многу причини. Според текстот е наследник на 'Just Dance'. Текстот ја прикажува Гага која зборува дека не сака да се јави на нејзиниот телефон во клубот. Имајќи песна како оваа во која изгледа дека 'Just Dance' ја пеела поранешна и различна Гага, изгледа малку чудно. Посебно кога е испланиран сингл ... Интересно е и за еднократна употреба но има и подобри песни на The Fame Monster кои можат да послужат за синглови“.[16] Мајкл Вудс од Лос Анџелес Тајмс почувствувал дека „Telephone“ е „внимателна медитација на тоа колку е досадно кога некое момче постојано ви се јавува во клубот.“[17]

Ники Ескеурдо од Phoenix New Times ја сместил „Telephone“ како песна која се издвојува од албумот.[18] Сара Хајибагери од Тајмс и Армонд Вајт, музички и филмски критичар од New York Press, не биле импресионирани од песната. Хајибагери рекла „Гласот на Бијонсе помешан со рингтон од телефор прави изглед на хаос.“[19] Вајт разработил дека „[Песната] слави тврдоглаво одбивање за говорителот да не се јави; премногу поп култура во Тарантино стил.“[20] Мелани Бертолди од Билборд ѝ дала позитивен преглед на песната, изјавувајќи „Повеќе како 'Blah Blah Blah' од Кеша, 'Telephone' се поставува во тивки ритми, со кои Бијонсе е запознаена. ... Додека „Telephone“ се бранува низ ѕид од телефонски ѕвонења за да се врати на едноставната интродукција, Гага и Бијонсе им имаат оставено само една опција на слушачите: да му се предадат на танцувачкиот под.“[21] „Telephone“ била рангирана на третото место на списокот на Топ 25 Синглови од 2010 од страна на Роб Шефилд од Роулинг Стоун.[22] Синглот добил Греми-номинација за Најдобра Поп Соработка со Вокали во 2011.[23] На 26 април 2011, Гери Траст од Билборд ја вклучил „Telephone“ на четвртата позиција на неговиот список на 10 Женски Хит Соработки.[24]

Remove ads

Успех на табелите

Во ноември 2009 поради силните дигитални продажби, песната се искачила на табелите во Ирска, Австралија и Велика Британија на дваесет и шесто, дваесет и деветто и триесетто место последователно.[25] Песната станала највисокото деби влегување на табелата Билборд Хот 100 во САД на 12 декември 2009, на триесет и петтото место поради силни дигитални продажби на песната.[26] По неколку неделно менување на позициите на табелите, „Telephone“ се искачила на третото место што станало и највисоката позиција на песната, а воедно и шестиот последователен топ десет хит на Гага во САД.[27] Песната го зазела првото место на табелата за Хот Денс Клуб Песни на 27 февруари 2010.[28] На 15 март 2010, Билборд изјавил дека песната го достигнала врвот на табелата за Поп Песни, станувајќи шестиот последователен број-еден сингл на Гага на таа табела, со што таа станала единствениот артист кој го постигнал тоа. Станала и шеста број-еден песна на Ноулс на табелата за Поп Песни. Со ова, тие се изедначиле со Мараја Кери со најмногу број-еден синглови од Nielsen BDS-заснованата табела, Топ 40 ерплеј во 1992.[29] Песната продала 2.810 милиони платени диигитални примероци во САД според Nielsen Soundscan.[30]

Во Австралија, највисоката позиција на песната била три.[31] „Telephone“ добил трипати платинска сертификација од Австралиската музичка индустрска асоцијација (ARIA) со 210,000 продадени копии од синглот.[32] Во Нов Зеланд, песната за првпат се искачила на триесет и првото место, станувајчи најголемото деби искачување на табелата во таа недела.[33] На 5 април 2010, највисоката позиција на песната била три.[34] „Telephone“ за првпат влегла на четиринаесеттото место на табелата за Канадски Хот 100 синглови[25] и се поместила на највисока позиција на трето место, со што станала шестиот последователен топ три сингл на Гага на таа табела.[35] Песната добила трипати платина од Канадската музичка индустриска асоцијација (CRIA) со 120,000 дигитални спуштања.[36]

Во Британија, „Telephone“ се искачила на дванаесеттото место на табелата за Британски Синглови, на 15 март 2010.[37] Следната недела „Telephone“ се искачил на врвот на табелата, станувајќи нејзиниот четврт број-еден британски сингл.[38] Во Ирска, песната за првпат се појавила на табелата на дваесет и шестото место и се поместила на второто[39] пред да го достигне врвот на табелата следната недела.[39] „Telephone“ за првпат се појавила на шведските тавбели,[25] и во топ-десет на унгарските табели.[40] Според Интернационалната Федерација на Фонографската Индустрија, песната продала 7.4 милиони копии низ светот во 2010.[41]

Remove ads

Музичко видео

Развој

Муџичкото видео било снимено на 28 јануари 2010, од режисерот Џонас Акерлунд.[42][43] Њујорк магазинот изјавил дека концептот на видеото ќе се заснова на ситуација во која Бијонсе Ноулс ќе ја вади Гага од затвор. Неколку слики биле објавени и ги прикажувале Ноулс и Гага во кола наречена „Пуси Вагон“, истата кола која Ума Турман ја возела во филмот на Квентин Тарантино од 2003, Убиј го Бил.[44] Другите концепти на видеото покажуваат сцени на ручек, каемо на пејачот Тајрес Гибсон и сцена во затвор. Гага и Ноулс носеле „растурени парчиња“ од дизајнерите Франк Фернандес и Оскар Олима.[45] Во интервју со E! Online, Гага го објаснила значењето на видеото.

Имаме навистина голем квалитет во 'Paparazzi', каде имаше чист поп-музички квалитет и во исто време и славна култура ... Сакав да го направам истото со ова видео ... Има Тарантионо-инспириран квалитет во видеото [за 'Telephone'] ... Директното навлегување [во него] дојде од неговиот Пуси Вагон. Ручавме еден ден во Лос Анџелес и јас ми кажував за концептот на видеото и тој го сакаше многу, па додаде, „Мора да го искористите Пуси Вагонот.“[46]

На 5 февруари 2010, Гага имала интервју со Рајан Сикрест на KIIS-FM. Таа коментирала на видеото велејќи, „Тоа што го сакам во вистинските поп настани, и кога бев помлада, секогаш бев возбудена кога имаше голем настан кој се случуваше во музиката и сакав ова да биде истиот случај.“[47] Рок бендот Semi Precious Weapons им потврдиле на MTV Вестите дека имаат камео улога во музичкото видео.[48]

Синопсис

Thumb
Лејди Гага и Бијонсе Ноулс сместени во Пуси Вагонот во музичкото видео за песната.

Музичкото видео е долго девет минути[49] и започнува на местото каде видеото за „Paparazzi“ завршува; Гага е уапсена поради убиството на нејзиното момче со отров во неговиот пијалак. Таа е однесена во женскиот затвор каде што ја водат две чуварки, кои го соблекуваат нејзиниот црно-бел фустан и ја оставаат да лежи гола, додека другите затворенички ја набљудуваат. Една од чуварките коментира, „Ти реков дека нема пенис“, со што наведува на гласините дека Гага е интерсексуалец.[49][50] Три минути, видеото ги прикажува постапките на Гага во затвор—вклучувајќи бакнување со друг женски затвореник во дворот за вежбање, носење очила направени од полуиспушени цигари и борби во други простории. Сестата на Гага, Натали Германот прави камео појава во видеото.[51] После тоа, Гага добива повик од Ноулс и започнува да ја пее песната. Таа го пее првиот стих и рефренот придружена од другио затворенички, а потоа следи завршен дел во кој Гага носи лента на која пишува „кауција“.[49]

Гага излегува од затворот и ја сретнува Ноулс која ја чека во Пуси Вагонот. Ноулс, со прекар Хани Би, наведува на ликот Хани Бани од криминалистичкиот филм на Тарантино, Евтини Приказни.[52] По размена на неколку зборовни, тие патевуаар преку пустина и застануваат на ручек.[50] Ноулс седнува наспроти Гибсон и ѝ се здосадува од неговите глупости, па му става отров во неговиот пијалак, но не го убива како што се надевала претходно.[50] Видеото потоа се префрла на сцена наречена „Да Направиме Сендвич“.[49] Гага стои во кујната, носејќи телефон на главата додека танчерите се прикажани зад неа и држат салати зад неа. Таа продолжува да го прави сендвичот проследен со игра.[49] Во меѓувреме, става отров во сите состојки кои ги прав за гостите со што сите гости во ресторанот, Гибсон како и членовите на Semi Precious Weapons умираат. Потоа Гага и Ноулс изведуваат друга танцувачка рутина, носејќи американски знамиња.[50] Потоа одат во „Пуси Вагонот“ и патуваат низ автопат додека новинарот на вестите (глумен од Џеј Родригес) известува за убиствата. Последните снимки на видеото ги прикажуваат Гага и Ноулс кои патуваат преку пустина, попратени со полициски сирени во позадината. Видеото завршува со текстот „To Be Continued ...“ по кој следат завршните кредити.[49]

Издавање и прием

На 15 февруари 2010, три извадоци од музичкото видео биле испратени на официјалната страница на Гага. Извадоците ја прикажувале Гага во три различни сцени: сцена во кујната во која таа носи пластична капа на кувар и телефон направен од коса во нејзината рака, сцена за време на јадење во која е придружена од позадински танчери, сценаа во која е со американско знаме и бикин и црно-бела слика од неколку триаголници и придружени телефони.[53] Видеото требало да биде прикажано во февруари 2010 но сепак било прикажано во март 2010.[54][55][56] На 9 март 2010, други сцени биле исто така прикажани на интернет. Видеото премиерно било пкажано на E! News и Vevo.com на 11 март 2010.[57]

Џејмс Монтгомери од MTV коментирал: „Со 'Telephone', Гага навлезе во најретките поп стратосфери, заедно со Мадона и Мајкл Џексон.“[49] Мет Донели од Лос Анџелес Тајмс напишал дека музичкото видео за „Telephone“ е „визуелен погодок, попратен со фантастиччна мода, тепачки со девојки, отровни јадења, армија и Гага.“[58] Ејми Одел од Њујорк магазинот почувствувала „Ова е видео на Гага, но Бијонсе е најдобриот дел: таа ја покажува лутината, лудата страна за која знаевме дека е скриена некаде зад нејзината совршена фасада.“[50] Моника Херера од Билборд напишала: „[Видеото] е повеќе од мерки со возбуда. ... Клипот за 'Telephone' е полн со интриги, тепачки, нашминкани сцени, масовно труење и многу парчиња кои можат да се наречат 'облека'.“[59] Танер Странски од Entertainment Weekly коментирал: „Дали е епско како нејзиното 'Bad Romance' виде? За жал, не мислам дека е така. Но е подобро од сè друго.“[60] Бил Лемб од About.com почувствувал дека „Ќе беше речиси невозможно да се оживи со возбуда, но видеото на Лејди Гага за 'Telephone' пристигна, и за овие очи е вредно за гледање.“[61]

Сенди Риос, претседател на Културната Кампања го критикувал видеото на Fox News во интервју со Мегин Кели, нарекувајќи го „одвратно ... отров за мозоците на нашите деца“.[62] Критичарот Армонд Вајт од New York Press, го опишал видеото како „сурово и грдо“ изјавувајќи дека „ја прикажува лудоста на современата поп-музика“ и има „влијанија од Тарантино“ нарушувајќи го „уживањето на поп културата со глупости“.[20] На 3 август 2010, видеото добило три номинации на MTV Видео Музичките Награди од 2010, во категориите за Најдобра Кореографија, Видео на Годината и Најдобра Соработка, освојувајќи ја последната номинација, додека другите номинации изгубиле од сопственото видео на Гага за „Bad Romance“.[63] Во мај 2011, Гага изразила нездоволство за видеото во интервју со Time Out, велејќи: „Не можам ни да го гледам видеото за Telephone, го мразам многу. Бијонсе и јас сме одлични заедно. Но има многу идеи во тоа видео и сè што гледам е мојот мозок кој е преполнет со идеи и посакувам самата да го уредев повеќе видеото.“[64]

Remove ads

Настапи во живо

Thumb
Гага ја изведува „Telephone“ на The Monster Ball Tour.

Гага ја извела „Telephone“ на Британските музички награди на 16 февруари 2010, во Earls Court Exhibition Centre. Настапот бил инспириран од смртта на нејзиниот пријател, дизајнерот Александер Меккуин. Првично, таа планирала друга верзија на настапот, но го сменила концептот во последна минута, бидејќи сакала да му оддаде почит на Меккуин.[65] Затоа таа одбрала акустична верзија на „Telephone“ и ремикс од „Dance in the Dark“. Пред шоуто, таа испратила порака на нејзиниот профил на Твитер: „Вечерашниот настап е инспириран од нашиот пријател. Маска од Филип Трејси, Скулптура од Ник Најт, Музика од Лејди Гага. Ни недостигаш.“[66] Таа го започнала настапот објавувајќи „Ова е за Александер Меккуин.“ Гага била облечена во огромна перика во стил на Марија Антоанета.[67] Целиот настап бил потивок од нејзините претходни.[65]

Гага ја додала песната на сет-списокот на The Monster Ball Tour за европската етапа. Била изведена како втора песна, наречена „Subway“. Таа била облечена во црно и свирела на клавитара, која претходно ја покажала на Британските музички награди. Клавитарата, била наречена „Ема“.[68][69] „Telephone“, како и „Brown Eyes“ (од The Fame), биле исто така изведени на комедиското чет шоу Петок Навечер со Џонатан Рос, на 3 март 2010, за епизода која пристигнала два дена подоцна.[70] Гага ја извела „Telephone“ на јапонското телевизиско шоу Music Station на 16 април 2010. Носела одело од мачка со пластични рамена, дизајнирани од Сомарта и Јуима Наказато.[71] Во мај 2011, Гага ја извела песната за време на Radio 1's Big Weekend во Карлисл, Кумбрија.[72]

Remove ads

Други верзии

На 2 мај, демото на Бритни Спирс' на „Telephone“ протекла на интернет.[73] По предлозите дека демото може да биде лажно, продуцентот на песната, Родни Џеркинс, ја потврдил преку Твитер автевтичноста на песната. Тој дополнил дека протечената верзија „била рана демо верзија [и дека] дури ни миксот не бил направен“, а потоа го негирал протекувањето на песната, бидејќи бил прашан дали тој го направил тоа.[74][75] Музичкиот стил на демото бил спореден со синглот на Бритни Спирс „Piece of Me“ (2007) и самата песна добила споредба со звукот на петтиот студиски албум на Спирс, Blackout.[76] Роб Шефилд од Роулинг Стоун ја пофалил верзијата на Спирс.[76] Подоцна ја вклучил песната на дваесет и петтото место на списокот Топ 25 Синглови од 2010.[22]

Други преработки на песната се оние од ХеленаМарија,[77] Астон,[78] Bangin Productions,[79] и Помпламус.[80] Победникот на X Factor, Џоу Мекелдери ја преработил песната на Live Lounge на Radio 1's Big Weekend,[81] и во 2010 последната четиринаесетка на седмата сезона ја преработила песната.[82] „Telephone“ била преработена од Леа Мишел и Чарис Пемпенгцо за епизодата од американското ТВ шоу, Хор наречена „Аудиција“, која пристигнала на 21 септември 2010.[83] Оваа верзија била издадена како сингл и се искачила на седумнаесеттото место во Канада, осумнаесеттото во Ирска, дваесет и третото во САД и триесеттото во Австралија.[84][85][86]

Remove ads

Списоци на песни и формати

  • ОК/Европски ЦД Сингл[87]
  1. „Telephone (со Бијонсе)“ – 3:40
  2. „Telephone (Радио Уредување на Alphabeat) [со Бијонсе]“ – 4:51
  • ОК Ајтунс дигитален сингл[88]
  1. „Telephone (со Бијонсе)“ – 3:40
  2. „Telephone (со Бијонсе) [Музичко видео]“ – 9:27
  • ОК/Франција/Италија дигитални спуштања
    • „Telephone (Клуб Ремикс на Alphabeat) [со Бијонсе]“ – 6:41[89]
    • „Telephone (Вокален Клуб Ремикс на Crookers) [со Бијонсе]“ – 4:49[90]
    • „Telephone (Вокален Клуб Ремикс на DJ Dan) [со Бијонсе]“ – 5:59[91] (UK only)
    • „Telephone (Ремикс на Electrolightz) [со Бијонсе]“ – 4:26[92]
    • „Telephone (Клуб Ремикс на Kaskade) [со Бијонсе]“ – 5:24[93]
    • „Telephone (Клуб Ремикс на Минг) [со Бијонсе]“ – 4:31[94]
    • „Telephone (Ремикс на Passion Pit) [со Бијонсе]“ – 5:12[95]
    • „Telephone (Радио Уредување на Tom Neville's Ear Ringer) [со Бијонсе]“ – 4:17[96]
  • 7 инчен Винил[97]
  1. „Telephone (со Бијонсе)“ – 3:40
  2. „Telephone (Ремикс на Passion Pit) [со Бијонсе]“ – 5:13
  • АВС/САД ремикс EP[98]
  1. „Telephone (Клуб Ремикс на Alphabeat) [со Бијонсе]“ – 6:41
  2. „Telephone (Вокален Клуб Ремикс на Crookers) [со Бијонсе]“ – 4:50
  3. „Telephone (Вокален Клуб Ремикс на DJ Dan) [со Бијонсе]“ – 5:59
  4. „Telephone (DJ Dan Vocal Radio Edit) [со Бијонсе]“ – 3:28
    • Вклучен само на дигиталните изданија[99]
  5. „Telephone (Клуб Ремикс на Doctor Rosen Rosen) [со Бијонсе]“ – 6:25
  6. „Telephone (Ремикс на Electrolightz) [со Бијонсе]“ – 4:26
  7. „Telephone (Клуб Ремикс на Kaskade) [со Бијонсе]“ – 5:24
  8. „Telephone (Клуб Ремикс на Ming) [со Бијонсе]“ – 4:31
  9. „Telephone (Ремикс на Passion) [со Бијонсе]“ – 5:13
  10. „Telephone (Клуб Ремикс на Tom Neville's Ear Ringer) [со Бијонсе]“ – 7:14
  • „Диџеј Ремиксови“ дигитален EP[100]
  1. „Telephone (Радио Уредување на Alphabeat) [со Бијонсе]“ – 4:49
  2. „Telephone (Даб на Crookers) [со Бијонсе]“ – 5:08
  3. „Telephone (Даб на DJ Dan) [со Бијонсе]“ – 6:22
  4. „Telephone (Даб на Kaskade) [со Бијонсе]“ – 4:40
  5. „Telephone (Радио Уредување на Kaskade) [со Бијонсе]“ – 3:43
  6. „Telephone (Даб на Ming) [со Бијонсе]“ – 4:03
  7. „Telephone (Радио Уредување на Ming) [со Бијонсе]“ – 3:12
  8. „Telephone (Радио Уредување Tom Neville's Ear Ringer) [со Бијонсе]“ – 4:18
  9. Bad Romance (Ремикс на DJ Paulo's GaGa Oo-La La)“ – 9:41
Remove ads

Кредити и личности

Кредитите се земени од долните забелешки на The Fame Monster.[9]

  • Лејди Гага – ко-продукција, пишување, вокали
  • Бијонсе Ноулс – пишување, вокали
  • Лашон Даниелс – пишување
  • Лазонејт Френклин – пишување
  • Хисаши Мизогучи – снимање (вокали на Ноулс)
  • Марк „Спајк“ Стентмиксинг
  • Мајк „Хендз“ Доналдсон – снимање, специјални ефекти
  • Пол Фоли – снимање
  • Родни „Даркчајлд“ Џеркинс – пишување, композиција, миксинг, продукција

Табели и сертификации

Повеќе информации Табела (2009–10), Највисока позиција ...

Табеларна процесија и сукцесија

Повеќе информации Ред на првенство ...
Remove ads

Историја на издавање

Повеќе информации Регион, Датум ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads