Tenthredo balteata

From Wikipedia, the free encyclopedia

Tenthredo balteata
Remove ads

Tenthredo balteata е палеарктички вид на растителна оса.[1]

Кратки факти Научна класификација, Научен назив ...
Remove ads

Живеалиште

Географската распространетост на овие растителни оси е: Средна и Северна Европа, Северна Африка и Турција. Во Македонија овој вид го има во Маврово.[2]

Опис

Возрасна единка може да достигне должина од 9-10 милиметри. Машките единки по боите се слични на женските единки: главата црна, а горната усна и долниот дел на лицето се бели. Антените се црни, последните членчиња се бели. Градите им се црни, а задниот дел на пронотумот и тегулите често се бели. Крилата се стаклесто провидни, жилките темнокафеави, а нозете црвеникави. Абдоменот е црн на предниот и задниот дел, а средните сегменти се црвени, особено третиот до шестиот сегмент.[2]

Remove ads

Биологија

ларвите се долги до 20 мм. Главата им е жолта со црни врвови на антените. Телото е жолтеникаво со два попречни реда бели брадавички на сегментите. Возрасните форми се среќаваат од мај до август.[2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads