Ѓерасим Кирјази
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓерасим Кирјази (Битола, 18 октомври 1858 – 2 јануари 1894 )[2] — албански протестантски проповедник и просветител. Тој е основач на Евангелистичката црква на Албанија (Vëllazëria Ungjillore e Shqipërisë) и на Косовската протестантска евангелистичка црква. Тој исто така го основал првото албанско училиште во модерно време во 1887 година во Корча, Албанија, тогаш дел од Отоманското Царство.[2]
Remove ads
Животопис
Кирјази учел во грчко училиште во неговиот роден Манастир (денешна Битола), Македонија. Потоа заминал во Самоков, Бугарија, каде учел на Американскиот колеџ. По завршувањето на школувањето, во 1883 година, започнал да работи за Британското и странско библиско друштво во Корча.
На 15 ноември 1884 година, додека патувал кон Охридското Езеро, бил киднапиран од бандити, кои го држеле за откуп повеќе од една година. Оваа епизода била раскажана од Ѓерасим во Заробени од разбојници и објавена по неговата смрт на англиски јазик во 1901 година.[2][3]
Во 1889 година, тој го нарачал печатењето на книгата Битие и Евангелието по Матеј на тоскиски албански јазик и Евангелието по Матеј на влашки, кои биле отпечатени од „Дитурија“ во Букурешт во име на Британското странско библиско друштво.
Се оженил со Атина Микелидин, ќерка на пасторот на евангелската црква во Солун, Ставри Микеледин, со која го имале синот Стефан. Жена му умрела кратко по раѓањето на синот, на 24 декември 1891 година.
Во 1891 година, првото албанско училиште за девојки во Корча го основале Кирјази[4] и неговата сестра Севасти Кирјази. Имал и помлада сестра, Параскеви Кирјази, која почнала да работи во женското училиште (албански: Shkolla e vashave кога имала само 11 години.[2][5]
Починал на рана возраст од плеврит, кој го добил за време на неговото заробеништво.
Remove ads
Дела
Покрај „Заробени од разбојници“, Кирјази напишал граматика на албанскиот јазик, поезија, песни и училишни книги. Избор од неговите дела е објавен од неговиот брат, Герг, во збирката Hristomathi a udhëheqës për ç'do shtëpi shqiptari (Манастир, 1902). Двајцата браќа заедно ја напишале збирката песни Kënkë të shenjtëruara (Манастир, 1906).
Награди
- „Учител на народот“ - Социјалистичка Народна Република Албанија, 1987 година
- „Орден на слободата од прв ред“ - албански, 1992 година
Литература
- Quanrud, John, Gerasim Kyrias: and the Albanian National Awakening 1858-1894, Institute for Albanian and Protestant Studies, 2016. ISBN 9780993424823
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads