Ѓорѓи Спасовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓорѓи Величков Спасовски ( 1922 во Шопско Рударе — 21 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Израснал во сиромашно ситно-земјоделско и сточарско семејство. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во неговото село, немајќи можност да го продолжи образованието, останал дома да помага на родителите во секојдневната работа. Во неговото село и околината често дејствувале единиците на народноослободителната војска на Македонија, а тоа придонело да се запознае со движењето и станал симпатизер и активен помагач. Кога од Шопско Рударе стапиле во единиците на НОВ повеќе младинци, во истите редови се нашол и тој. Земал учество во борбите што ги водела неговата единица за конечното ослободување на Македонија. Ѓopѓи учествувал и во борбите на Сремскиот фронт, каде на 21 април 1945 година загинал.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads