Јадранка Клисарова

македонска писателка на книжевност за деца и млади и на книжевност за возрасни, раскажувач, романописец, поетеса и автор на учебници за одд From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јадранка Клисаровамакедонска писателка на книжевност за деца и млади и на книжевност за возрасни, раскажувач, романописец, поетеса и автор на учебници за одделенска настава.

Кратки факти Јадранка Клисарова, Роден/а ...

Биографија

Јадранка Клисарова (родена Стамкова) е родена на 23 септември 1961 година во Гевгелија. Основно училиште завршила во Стојаково. Средно училиште и Педагошка академија во Штип, а Педагошки факултет во Скопје. Живее и твори во Скопје. По професија, таа е професор по одделенска настава, долги години вработена во ООУ „Блаже Конески“ како професор по одделенска настава.

Користејќи го богатото искуство во наставата, автор е и соавтор на повеќе образовни книги за деца и учебници и материјали за наставници од прво до петто одделение, од кои се издвојува учебникот „Македонски јазик со елементи на национална култура“ за ученици во основното училиште, за паралелки со настава на српски јазик.

Remove ads

Творештво

Нејзини досегашни дела се:

  • „Јато“ роман за возрасни (2004)
  • „Ѕвездено јато“ збирка раскази за деца (2009)
  • „Новогодишен подарок“ сликовница за деца(2009)
  • „Ѕвезда во ноќта“ сликовница за деца(2009)
  • „Амајлија“ роман за возрасни (2012)
  • Децата од моето училиште“ збирка раскази за деца (2015)(која е и дел од лектирната литература во основното образование)
  • „Безбеден детски свет“ збирка раскази за деца за деца (2017)
  • „Традицијата низ перото на баба“ детски илустриран роман (2018)
  • „Песни за секое дете“ стихозбирка (2019)[1]
Remove ads

Награди и признанија

За својата долгогодишна работа како просветен работник и автор има добиено бројни награди и признанија:

  • Признание за „Просветен работник на годината“ 2011 година на град Скопје
  • Плакета и Признание за „Просветен работник на 2011 година за основното образование на Р. Македонија“
  • Златна плакета од Националниот Совет на Македонците во Р. Србија“ за посебно залагање и унапредување на македонскиот јазик во Р. Србија.
  • Награда „13 Ноември на град Скопје за 2017 година, од областа на образованието и воспитанието“
  • Титула- Најдобар наставник на поранешна Југославија (2019)- од Асоцијацијата на најдобри наставници на Екс ЈУ.


Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads